Македонија
Преглед на печат – Македонија
„Дневник“ – „ДУИ не сака да биде статист“, пишува дека министрите од редовите на ДУИ не се согласиле со намерата на премиерот Никола Груевски за отчет за работата на Владата во изминатите четири години, бидејќи тие биле на власт само две години.
„Дневник“
„ДУИ не сака да биде статист“, пишува дека министрите од редовите на ДУИ не се согласиле со намерата на премиерот Никола Груевски за отчет за работата на Владата во изминатите четири години, бидејќи тие биле на власт само две години. Весникот, повикувајќи се на партиски извори, тврди дека дошло до разидување меѓу двете партии, а повод била закажаната прес конференција за вчера, на која премиерот требало да даде отчет за сработеното. Несогласувањата се јавиле меѓу премиерот и вицепремиерот Абдулаќим Адеми. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека коалицијата со ДУИ функционира без проблеми.„Време“
Под наслов „Пописот темпирана бомба“, весникот на насловната страна донесува текст за претстојниот попис. Пописот е многу значаен за ДУИ, бидејќи од процентот на Албанците што ќе биде регистриран, зависи и примената на Бадентеровиот принцип. Пописот на населението треба да биде спроведен за седум месеци, но постои веројатност тој да биде одложен бидејќи ДУИ не сака попишувањето на населението да го спроведува Државниот завод за статистика, туку посебна комисија, а целиот процес да го надгледува меѓународната заедница.„Нова Македонија“
„Црвенковски:Национален консензус?За што?“, пишува за промената на позицијата на опозициската СДСМ кон власта во врска со спорот за името со Грција. Првично, лидерот на СДСМ изјави дека и дава безрезервна поддршка на Владата да го реши спорот за името со Грција, под услов да не се загрозува националниот идентитет, а сега Црвенковски не гледа потреба да има национален консензус. Тој се жали и дека нема контакти со премиерот и дека последниот телефонски разговор меѓу нив се случил во 2008. година, кога Груевски му го честитал изборот за претседател на СДСМ.„Утрински весник“
„Спласна еуфоријата за стари коли“, пишува дека македонските граѓани, по првичната еуфорија, повеќе не се заинтересирани за купување на половни автомобили. Весникот понатаму додава дека сега на плацевите во земјата има над 6.500 возила кои чекаат купувачи. Тоа значи дека се очекува пад на цените и на старите и на новите автомобили. Увозниците на половни автомобили инкасираа добар приход, додека од друга страна, автоимпортерите на нови возила тврдат дека ова им е најлошата година откако го започнале својот бизнис. Според нив, земјата се наполнила со стари крнтии, а последиците ќе се почувствуваат уште оваа зима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

