Македонија
Нерасчистени сметки – причина за крвавиот инцидент во Аеродром
Нерасчистени должничко – доверителски односи меѓу осомничениот за убиството Тони Денковски и Јордан Јорданов од Велес, кој бил вмешан во познатиот случај „Франкфурт мафија“ биле причина за ладнокрвното тројно убситво што се случи синоќа во скопската населба „Аеродром“.
Нерасчистени должничко – доверителски односи меѓу осомничениот за убиството Тони Денковски и Јордан Јорданов од Велес, кој бил вмешан во познатиот случај „Франкфурт мафија“ биле причина за ладнокрвното тројно убситво што се случи синоќа во скопската населба „Аеродром“.
Министерството за внатрешни работи денeска излезе со официјални информации за мотивите на синоќешното убиство и имињата на загинатите.
„Од првичната изјава која осомничениот за убиството ја даде, се работи за должничко доверителски односи помеѓу него и еден од убиените. Нивното познанство датирало од порано и тие во повеќе наврати влегувале во должничко доверителски односи кои не биле расчистени . Како револт, според негово кажување, притисоците кои биле вршени врз него во континуитет во подолг период, се одлучил за ваков чин“ изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Официјално, синоќа биле убиени 36 годишниот Владо Милошев од Скопје, кој бил припадник на МВР, 37. годишниот Јордан Јорданов и 26. годишен Влатко Андреевски, и двајцата од Велес. Првичните неофицијални информации се дека убиството го извршил 47 годишниот Тони Денковски од Скопје. Во текот на денот се очекува тој да биде предаден пред истражен судија и да му биде изречена мерка притвор.
МВР не располага со информации за тоа како се нашол полицискиот службеник, кој работел во одделот за обезбедување на работно место, главен оперативен работник за обезбедување на странски делегации, заедно со останатите двајца убиени. Според МВР, цел на убиецот бил Јордан Јорданов.
„МВР не располага со информации дали се работи за случајна средба или за претходно познанство од било каков тип, Понатаму во истрагата ако дојдеме до нови моменти ќе бидете благовремено информирани. Се чини, според првичните информации дека целта на убиецот бил еден од жртвите кои, како што претходно реков и претходно минувал во казнена евиденција “ изјави Јанкулоска.
МВР ги истражува сите шпекулации во јавноста дека полицискиот службеник бил линк меѓу нарко подземјето и полицијата. Министерката денеска не сакаше да коментира ниту за семејните врски на убиените, односно за шпекулациите дека еден од убиените бил во блиска роднинска врска со шефот на обезбедувањето на премиерот.
„МВР во континуитет ги истражува сите шпекулации кои се појавуваат во јавноста. Од проверките кои досега ги извршивме, полицискиот службеник кој почина во вчерашната престрелка нема криминално досие и претходно не е осудуван, се разбира дека наш интерес е целосно расчистување на сите настани“ изјави Јанкулоска.
Осомничениот за убиството бил пријавуван само за ситни деликти. МВР не ги открива активностите што сега моментално се преземаат, ниту пак ги потврдува шпекулациите дека во моментот во Велес се вршат рации.
„По однос на активностите што МВР во моментов ги презема на терен заради осетливоста на целата проблематика, во овој момент нема да ви дадеме информации но секако дека благовремено ќе ве информираме.Јордан Јорданов е лице кое и претходно е пријавувано за кривични дела поврзани со недозволена трговија со оружје и осудувано со разни казни, всушност и случајот наречен „Франкфурт мафија“ беше случај во кој што токму ова лице беше опфатено“ вели Јанкулоска.
Истекот на рокот за притвор, според МВР, е причината поради која лицата кои беа вклучени во случајот „Франкфурт мафија“ се на слобода.
„Токму по однос на овој случај во соработка со австриското министерство за внатрешни работи, МВР со оглед на тоа што се работи за лица кои се наши државјани, поднесе кривична пријава и на дел од лицата опфатени со таа кривична пријава им беше определена мерка притвор. Меѓутоа рокот за кој таа мерка притвор беше определена е истечен и тоа е причината поради која тие во овој момент се на слобода, односно дел од нив во други кривични дела и инциденти веќе го загубија животот“ изјави Јанкулоска.
Синоќа околу 19:40 часот, убиецот со калашников кој го носел во вреќа пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан.
Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил марка „Опел корса“и заминал во непознат правец. Јорданов почина на лице место, а останатите двајца, животот го загубија во ургентниот центар. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

