Македонија
СДСМ со обвинувања до ВМРО за јавното здравство
СДСМ денеска излезе со повеќе обвинувања упатени до владеачката партија за состојбата во јавното здравство.
СДСМ денеска излезе со повеќе обвинувања упатени до владеачката партија за состојбата во јавното здравство.
„Пет години Груевски ветува нова медицинска опрема во здравството во вредност од 68 милиони евра. Додека од опремата нема никаква трага, целото неостварено ветување не само што е ноторна лага, туку и мириса на еден голем скандал. Договорите предвидуваа опремата да пристигне веднаш, тоа не се случи, но затоа се случи разлика од плус 28 милиони евра за кои постои сомневање во јавноста дека завршиле во некој од партиските џепови. Нормално и за промашеното ветување и за разликите во цената, платено е со народни пари.“,рече секретарот на СДСМ, Андреј Петров.
Петров понатаму ја критикуваше ветената реконструкција на 42 јавни здравствени установи ,бидејќи како што вели тој ,била започната реконструкција само на две установи.
„Трансформацијата на болниците остана на хартија, додека и онаа болница која ја трансформираа, клиниката во Штип, работи во партизански услови. Нема апаратура, наместо седум работат два гинеколози на илјада родилки, условите се ужасни, и не ни чудо како во една година имаме повеќе починати родилки од сите претходни години наназад заедно. Електронската картичка е посебна приказна. И после две години најави се уште сме на ниво на пилот проект“, рече Петров.
Од СДСМ обвинија и дека ВМРО „ фондот го пренатрупале со 1000 нови партиски вработувања, целото здравство со најмалку 5000 партиски и нестручни кадри“.
„Во ниедна европска земја, толку многу не е ветено, а во исто време, толку многу уништено“, истакна Андреј Петров./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

