Македонија
Вработените во „Колска“ земаа плати
Вработените во „Колска“ денеска земаа плати, со што е исполнето едно од барањата на вработените, останува Владата да го исполни и второто барање, обезбедување на средства за репроматеријали
Вработените во „Колска“ денеска земаа плати, со што е исполнето едно од барањата на вработените, останува Владата да го исполни и второто барање, обезбедување на средства за репроматеријали.Со тоа, штрајкот во велшка „Колска“ е прекинат и работниците се вратија на работа. Владата обезбеди пари за јули и го повика раководството на фабриката деновиве да се договорат за преостанатите две плати како и за обезбедување на средства за набавка на репроматеријали.„Владата исполни дел од нашите барања. Зедовме плата за јули , а ветено ни е дека ќе бидат обезбедени пари за неисплатени плати за декември минатата година и за јуни годинава “, вели Јордан Чадлов, претседател на фабричкиот синдикат.Во Велешката фабрика велат дека по договорот помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие Македонски железници, „Колска“ редовно добива товарни и патнички вагони за ремонт. Проблемот е во недостиг на средства за набавка на делови за поправка на вагоните поради што и МЖ навреме не може да им плати. Токму поради тоа 210-те вработени и покрај тоа што имаат вагони, седат без работа.„Важно е и тоа што од Владата ни беше речено дека во најскоро време ќе ни бидат обезбедени и средства за набавка на материјали за поправка на товарните и патничките вагони. Кога редовно ќе ги испорачуваме ремонтираните вагони МЖ навреме ќе ни плаќа”, вели Чадлов.Инаку, решавањето на проблемот на фабриката за шински возила од Велес вработените го гледаат не во честите штрајкови туку во нивното повторно приклучување во ЈП„Македонски железници”./крај/ди/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

