Македонија
Црвенковски ќе се повлече од политиката ако загуби на следните избори
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став дека Бранко Црвенковски е свесен дека шансите на СДСМ да победи на следните парламентарни избори се минимални и оти затоа го одлага своето повлекување од политиката, а од СДСМ велат дека Црвенковски ќе се повлече ако изгуби на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став дека Бранко Црвенковски е свесен дека шансите на СДСМ да победи на следните парламентарни избори се минимални и оти затоа го одлага своето повлекување од политиката, а од СДСМ велат дека Црвенковски ќе се повлече ако изгуби на следните избори.
„Aко пред година дена имавме сигурност во изјавите дека тоа ќе се случи, ако јасно беше кажано доколку ВМРО-ДПМНЕ ги добие изборите, Бранко Црвенковски ќе се повлече од политиката и од претседателското место во СДСМ, по година дена имаме изјави во кои што имаме ретерирање од тој став. Дури и Бранко Црвенковски е свесен дека на следните парламентарни избори шансите на СДСМ да победат е минимални и затоа практично го одложува своето повлекување од политиката, односно се уште остава простор за понатамошно политичко дејствување“, рече на денешната прес-конференција Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на изјави на Црвенковски.
Според Николовски во изминатите година ипол откако Црвенковски е лидер на СДСМ, партијата нема кадровски потенцијал, програма и политики со кои може да се спротистави на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека е вонредно значајно за македонската демократија, во следниот период да има јасно спротивставување на два политички концепти,кое како што рече што го нема во овој период.
Од СДСМ пак велат дека ако СДСМ остане опозиција и по следните парламентарни избори, тоа ќе биде крај на политичката кариера на Бранко Црвенковски.
Тие прашуваат дали ако идната Влада биде формирана од СДСМ, премиерот Никола Груевски ќе се повлече од политиката и според нив неодговањето на ваквото прашање ќе знaчи оти актуелната владејачка партија се подготвува за опозиција./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

