Контакт

Македонија

Милошоски: Македонија има премногу платено во спорот со името

Објавено пред

Македонија има премногу платено за да ги задоволи грчките барања во спорот со името и поради тоа е потребна подеднаква волја од двете страни за да се затвори ова прашање, смета шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

Македонија има премногу платено за да ги задоволи грчките барања во спорот со името и поради тоа е потребна подеднаква волја од двете страни за да се затвори ова прашање, смета шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски.

Според него, Македонија веќе доволно сторила со промената на Уставот, на знамето и со прифаќањето земјата да биде зачленета во меѓународните организации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

„Сметаме дека Република Македонија премногу има платено со својот рационализам и прагматичност да задоволи одредени нерационални, национални или националистички хирови кои доаѓале од Република Грција. Во овој контекст, сметаме дека навистина е време, со една иста волја и со една иста цел на двете страни, да се овозможи процесот на евроинтеграции во регионот. За Македонија, тоа да биде еден успех од историско значење, за Република Грција тоа да биде еден успех кој што ќе може да се вклопи во Агендата 2014, да смогнат сили и да го надминат ова прашање“, изјави Милошоски.

Коментирајќи ја дебата во однос на наводно пропуштена шанса за евро-атланска интеграција на Македонија во деведесеттите години на минатиот век, Милошоски со став дека Македонија , самата со својот слаб реформски исчекор, со својот слаб политички фокус, и недостатокот од приоритети по однос на евроатлантските интеграции,  во споредба со одредени источноевропски земји, ја пропуштила Агендата 2000-та.

„Тоа не мора да значи дека постои нешто конкретно, формално, напишано, дадено, понудено  или одбиено, но значи дека самата држава, општество, институции и степенот на интензитет на реформи не биле доволни и во тој контекст годините, напорите и времето биле пропуштени за да може тој период  и клима, особено во поглед на евроентузијазмот  во самите земји членки на ЕУ, кој што беше многу поволен, за разлика од денешниот, да се исползува за еден конкретен и силен напредок по однос на европските и евроатланските интеграции“, изјави Милошоски, кој попладнево учествуваше на презентацијата на книгата „Обраќања“ на д-р Срѓан Керим.

Милошоски смета дека претстојниот годишен извештај на Европската Комисија ќе биде во ист тон како и минатогодишниот и дека ќе биде повторена препораката за отпочнување на пристапни преговори со Македонија. Но, според него, нема да биде неочекувано доколку една земја членка го спречи создавањето на консензус во рамки на Советот во однос на донесувањето на одлука за почеток на преговорите. /крај/ач

Македонија

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

Објавено пред

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Објавено пред

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.

Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија10 минути

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија26 минути

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија43 минути

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија58 минути

„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ

„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно...

Македонија2 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа3 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет3 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет4 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет4 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет4 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија18 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија20 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ22 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија22 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија23 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија1 ден

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија1 ден

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...