Македонија
„Семос едукација“ најдобри во „етичкото хакирање“
Македонската компанија „Семос едукација“ ја доби наградата за најдобар нов тренинг центар на глобално ниво за 2010 година, која ја доделува престижната организација „EC – Council“
Македонската компанија „Семос едукација“ ја доби наградата за најдобар нов тренинг центар на глобално ниво за 2010 година, која ја доделува престижната организација „EC – Council“ Наградата на „Семос едукација“ ќе им биде доделена на 13 октомври, за време на конференцијата Hacker Halted, која ќе се одржи во Мајами, САД. Како претставник на компанијата, наградата ќе ја прими Ирена Ивановска, раководител на Секторот за етичко хакирање при „Семос едукација“, која е најзаслужна за ова признание. Во образложението се вели дека „поради зголемената опасност од кибернетските напади, компаниите се повеќе ангажираат таканаречени „добри хакери“ или „етички хакери“. Нивната задача е да помогнат при спречување на нападите со примена на филозофијата „мисли како крадец, за да го фатиш крадецот“. „EC-Council“ како мандатар за моментално најбараните курсеви за „етичко хакирање“, го прогласи тренинг центарот на „Семос едукација“ за најдобар врз основа на многубројни параметри, како што се долгогодишната традиција во компјутерското образование и експертското образование на предавачите. /крај/со/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
Утре без струја неколку скопски населби
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“.

