Македонија
Груевски:Се надеваме на напредок во преговорите
Премиерот Никола Груевски денеска изрази надеж дека ќе има напредок во преговорите за името со Грција, по оптимизмот искажан од коалициониот партнер ДУИ.
Премиерот Никола Груевски денеска изрази надеж дека ќе има напредок во преговорите за името со Грција, по оптимизмот искажан од коалициониот партнер ДУИ.
„Во однос на ова што го кажавте за ДУИ јас не сум ја слушнал оваа изјава, така што не можам да коментирам, но ќе ви кажам дека и ние се надеваме дека можеби ќе има некој напредок, затоа што тоа го посакуваме, затоа што правиме, се што можеме во тој дел. Се разбира дека тој напредок не може да биде таков што нам ќе ни направи некоја огромна штета, а другата страна да слави. Тоа мора да биде некој компромис кој што ќе биде прифатен од граѓаните на Македонија, што со други зборови ќе значи дека тој нема да направи некоја крупна штета на државните и националните интереси и ние даваме максимум за да се дојде до некое такво решение кое би им се понудило на разгледување на граѓаните“ рече Груевски.
Околу најавите за средба меѓу Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, премиерот рече дека се уште не знае дали ќе има таква средба. Се уште не знае со кого ќе се сретне, а за средбата со Папандреу ќе одлучи наредната недела./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

