Македонија
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Македонија ги пропушти деведесеттите
Повикувајќи се на податоците за аплицирање за асоцијација и полноправно членство во ЕУ, на земјите од Централна и Источна Европа, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ , велат дека Македонија ја нема во тие датуми и дека тоа е доказот дека ги пропушти деведесеттите години.
Повикувајќи се на податоците за аплицирање за асоцијација и полноправно членство во ЕУ, на земјите од Централна и Источна Европа, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ , велат дека Македонија ја нема во тие датуми и дека тоа е доказот дека ги пропушти деведесеттите години.
„Во тоа време Македонија се занимава со, шверц на нафта, шверц на цигари, криминална приватизација, партизација на судството, партизација на целокупното општество. Македонија не се занимавше со евроинтеграциите!“, рече директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Тој рече дека првиот акт со кој Македонија бара асоцијација и пристапување кон ЕУ се случува на 8 март 1999 година, после паѓањето од власт на Бранко Црвенковски и СДСМ, кога Република Македонија на тогашниот претседавач на ЕУ, Јошка Фишер му го предава барањето за асоцијативно членство во ЕУ.
„Договорот за асоцијација со ЕУ е потпишан на 9 април 2001 година во Луксембург. Тоа се скоро десет години подоцна од Бугарија, Романија, Чешка, Словачка Унгарија, држави кои беа далеку посиромашни од Македонија. Ова е доказот дека Македонија ги пропушти деведесеттите години“, рече Димовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат лидерот на СДСМ, зошто ја држел Македонија десет години надвор од сите евроинтегративни процеси.
„Дали со тоа им овозможуваше на своите олигарси и партиски пајташи приграбување на целокупниот општествен и државен капитал? Дали со тоа си даде време за партизација на целокупната судска власт? Ако не знае да одговори на овие прашања го упатуваме да се обрати до канцеларијата на ЕУ во Скопје каде веруваме дека и Фуере и останатиот дел од администрацијата имаа педантна архива за историјатот на интеграцијата на Македонија во ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив Македонија во деведесеттите години ги пропуштила шансите за евроинтеграција./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

