Македонија
Власта и опозицијата со различна перспектива за 15-ти септември 2002 година
За власта – симбол на лажни ветувања и манипулации. За опозицијата – ден кога граѓаните решиле да ја вратат државата на вистинскиот пат. Груевски и Црвенковски со различни оценки за 15-ти септември 2002 година, кога СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ.
За власта – симбол на лажни ветувања и манипулации. За опозицијата – ден кога граѓаните решиле да ја вратат државата на вистинскиот пат. Груевски и Црвенковски со различни оценки за 15-ти септември 2002 година, кога СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ. „Денеска се навршуваат осум години од еден период и едно време кои што останаа симбол во македонската поличка историја на доаѓање на власт на партија и на премиер со многу лажни ветувања, со многу манипулации на граѓаните. Лажни ветувања до тој степен што влегоа во аналите на политичката историја на Македонија како симбол за манипулација со народот. Добро е овој ден да се запамети, да не се заборави толку брзо“, изјави премиерот Никола Груевски. За опозицијата, тоа е време кога била напуштена деструктивната политика што во тој момент, според нив, владеела со Македонија. „15-ти септември ме асоцира, се разбира како и многумина други во Македонија, на 15-ти септември 2002 година или со други зборови денот кога граѓаните, плебисцитарно со 500.000 гласа решија да ја вратат државата на вистинскиот пат, да ја вратат кон нормалноста, кон разумот, кон рационалноста и да се справат со и да напуштат една деструктивна политика која што до тој момент владееше со Македонија. Како што стојат денес работите мислам дека повторно ни е потребен еден нов 15-ти септември и ве уверувам дека тоа ќе се случи“, изјави претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. По парламентарните избори, одржани на 15-ти септември 2002 година, СДСМ се врати на власт и како предводник на коалицијата „За Македонија заедно“, освои 60 пратенички места, додека ВМРО-ДПМНЕ и ЛПМ освоија 33, ДУИ 16, а ДПА 7 пратенички места. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

