Македонија
Маневски : Правиме европски реформи во судството
Министерот за правда денес ги презентира измените и дополнувањата на законите за судови, судски буџет, судски совет и судска служба.
Министерот за правда денес ги презентира измените и дополнувањата на законите за судови, судски буџет, судски совет и судска служба. Правиме европски реформи во судството за јакнење на неговата независност и квалитет, кажа министерот за Правда Михајло Маневски. На владина седница поминале новите предлог измени и дополнувања кои сега се во собраниска процедура. Според предлог Законот за судови ќе се формира нов Виш Управен суд во кој ќе се поднесуваат жалби на пресудите од постоечкиот Управен суд. За да се зголеми ефикасноста на судовите ќе се прошири нивната надлежност и со нивите измени и во локалните судови по градовите ќе може да се решаваат предмети со вредност на спор до 50 000 евра. На тој начин ќе се скратат трошоците на граѓаните кои за поголеми судски спорови од над 15 000 евра мора да патуваат во други градови. Новина во законот е воведување канцеларија за односи со јавност каде граѓаните наместо по шалтери ќе може да добиваат информации околу работата во судовите. Исто така се намалува и судската ферија на еден месец, наместо како што е до сега месец и половина. Новини ќе има во однос на избор на нови судии кои ќе треба да поминат психо тестови и тестови на интегритет и ќе мора да го знаат англискиот јазик и еден од јазиците кои се зборуваат во Европската унија. Доколку во Судот за човекови права во Стразбур се добие пресуда за предмет во кој судијата направил повреда на правото на судење во разумен рок тоа ќе биде еден од основите за разрешување. По укинувањето на 20 одредби од двата правилника затоа што, како што соопшти Уставниот суд, судскиот совет изигрувал законодавец и одредувал правила кои ги немало во законите, Маневски рече дека тоа се само дел од одредби а судиите се разрешувале според закон. Најновото разрешување на двајца судии од Апелациониот суд, според министерот, не е завршена процедура бидејќи за нивното разрешување последниот збор го има Врховниот суд. Додека не се објават одлуките не Уставен не сакаше на коментира, само потенцира дека истите задолжително ќе бидат спроведени. Со новите измени на законите ќе се избираат поротници кои ќе имаат факултет и ќе полагаат испит за поротници. Маневски истакна дека судскиот буџет сега ќе биде побогат, односно ќе се издвојуваат 0,8 проценти од бруто домашниот производ за судовите, што е двојно поголема сума пари од сегашните законски решенија. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

