Македонија
Хумар побара храброст од Македонија, Коњановски принципиелност од НАТО
Потребна е доволна храброст и знаење за да се најде решение за спорот со името и Македонија да го заземе своето место во НАТО, смета бригадниот генерал Давид Хумар, високи воен претставник на НАТО и командант на штабот на алијансата во Скопје.
Потребна е доволна храброст и знаење за да се најде решение за спорот со името и Македонија да го заземе своето место во НАТО, смета бригадниот генерал Давид Хумар, високи воен претставник на НАТО и командант на штабот на алијансата во Скопје. Смета дека земјата го има постигнато потребното реформско ниво и побара тоа да се одржи во претстојниот период. „Сигурен сум дека вашата Влада ќе направи се што е потребно за да и вашата земја биде на масата на овој самит. Сигурен сум дека ако вашата Влада има доволно храброст и доволно знаење, заедно со сите земји-членки на НАТО, дека добро решение за иднината ќе биде најдено“, изјави Хумар. Според него, ако се најде решение за спорот со името, Македонија може да се зачлени во НАТО и пред одржувањето на ноемврискиот самит во Лисабон. „Мислам дека веќе добивте покана во Букурешт. Таму јасно беше наведено што мора да се направи и нема никаква потреба да се чека за лисабонскиот самит. Северно-атланскиот Совет има состанок секој четврток. Кога вие ќе бидете подготвени, и Советот ќе биде подготвен да ја заврши својата работа“, изјави Хумар. Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, побара принципиелност на Алијансата и вреднување на постигнатите реформи. Стои зад идејата да се бара членство на земјата во Алијансата без да биде постигнат договор околу спорот со името. „Со сите мои контакти јас сум го барал тоа и ќе продолжам да го барам тоа, затоа што сметам дека принципиелната политика и принципите треба да одлучуваат кога се размислува и разговара за членството на Република Македонија во НАТО. Нашиот принципиелен однос, нашите завршени реформски активности говорат колку сме биле принципиелни во однос на приближувањето кон НАТО Алијансата. Очекуваме со таков одговор да се возврати кон Република Македонија“, изјави Коњановски. Тој денеска пред генералот Хумар и пред одбранбените аташеа во земјава реферираше за реформите во одбраната, како и за моменталните и идните проекти на Министерството за одбрана и АРМ. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

