Македонија
Трговијата со дрога и тероризмот најголема безбедносна закана за Балканот
Трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во институциите на системот и тероризмот се главните проблеми со кои се соочуваат земјите во регионот.
Трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во институциите на системот и тероризмот се главните проблеми со кои се соочуваат земјите во регионот.
Во тоа согласни се директорите на полициите на Македонија, Црна Гора, Б и Х и на Хрватска, Љупчо Тодоровски, Веселин Вељковиќ, Златко Милетиќ и Оливер Грбиќ, кои во Охрид учествуваат на состанокот на Асоцијацијата на директори на полиции од регионот на Југоисточна Европа –SEPCA., пренесе Охридњуз.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, кој денеска го презеде ротирачкото претседателство со SEPCA, истакна дека активностите на асоцијацијата за време на македонското претседателство ќе бидат фокусирани кон реализација на 16 проекти насочени кон откривање и сузбивање на криминалот во регионот, од кои дел се во тек.
„Идејата е да создадеме квалитетни критериуми за полициска обработка и неразбивање на најголемите криминални групи кои делуваат во регионот“ рече Тодоровски. Тој најави дека интерес за вклучување во регионалните полициски активности пројавиле Италија, Австрија и Турција кои понудиле кадровска и техничка помош.
Златко Милетиќ, досегашен претседавач на SEPCA, информираше дека полициите од регионот реализирале повеќе успешни акции и спречиле достава на големи количини оружје за познати терористички групи активни во западна Европа.
„Проблемот со тероризмот во Европа е потценет, не само вехабизмот со што како проблем се соочуваат дел од земјите во регионот, туку и другите форми на тероризам, на што во наредниот период ќе треба да се обрати многу повеќе внимание“ истакна Милетиќ.
Директорот на хрватската полиција, Оливер Грбиќ, предупреди дека во регионот постои тенденција на легализација на парите стекнати со криминал преку купување на недвижности на атрактивни локации на јадранското крајбрежје.
Како сериозен проблем тој ја нагласи и корупцијата на администрацијата во сите држави во регионот, што како што истакна го поткопува системот.
Директорите на полициите од Балканот сметаат дека не е загрозена безбедноста на регионот, бидејќи криминалните групи кои дејствуваат не се толку моќни и со нив полициите барем засега успешно се справуваат./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

