Македонија
Возрасните студенти си ги зедоа индексите
Министерот за образование Никола Тодоров и деканот на Природно – математичкиот факултет во Скопје Доне Гершановски, денеска им ги врачија индексите на студентите, кои се дел од владиниот „Проект 45“,
Министерот за образование Никола Тодоров и деканот на Природно – математичкиот факултет во Скопје Доне Гершановски, денеска им ги врачија индексите на студентите, кои се дел од владиниот „Проект 45“,
Како дел од „проектот 45“ , на државните Универзитети во Скопје, Битола, Штип и Тетово, образованието ќе го продолжат околу 300 лица на возраст од 35 години за жени и мажи на возраст од над 45 години.
За оваа посебна категорија на студенти во студиската година 2010/2011, студиите ќе се одвиваат вонредно во попладневните часови и за време на викендите.
„Станува збор за една повозрасна група луѓе кои најверојатно се двоумеле да го продолжат своето образование со студенти кои се на осумнаесет годишна возраст и поради тоа дојдовме на идеја да формираме посебни групи кои ќе бидат наменети само за оваа категорија. Се надевам дека ова ќе прерасне во добра традиција каква што има во образованието на возрасните во земјите од Европската Унија“ – рече министерот Тодоров.
Деканот на Природно – математичкиот факултет Доне Гершановски истакна дека за оваа категорија студенти ќе се одвива посебна настава за што веќе се обезбедени услови на факултетот.
„Проектот 45“ има за цел подобрување на образовната структура во Македонија и зголемување на бројот на високообразованите лица.
Највозрасниот студент е на возраст од 55 години, кој според министерот Тодоров по завршувањето на студиите до неговото пензионирање ќе има можност како високообразовано лице да оствари поголеми приходи и да се стекне со поголема основица за пензија.
Цената на овие студии е 200 евра годишно, запишувањето се врши без приемен испит, освен со валоризација на одредени предмети важни за студирањето.крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

