Македонија
Измени во законот за поштенски услуги
Владата го утврди текстот на предлог законот за поштенски услуги со цел да се усогласи со законодавството на ЕУ и да се создадат услови за поквалитетно обезбедување на овие услуги, информираат од министерството за транспорт и врски.
Владата го утврди текстот на предлог законот за поштенски услуги со цел да се усогласи со законодавството на ЕУ и да се создадат услови за поквалитетно обезбедување на овие услуги, информираат од министерството за транспорт и врски.
„Со овој предлог закон е предвидено воведување нов начин и постапка за определување на давател на универзалната услуга и тоа по пат на јавен тендер, а предвидена е и можност за повеќе даватели на различни услуги односно на различни делови од територија да обезбедуваат универзална услуга“, се наведува во соопштението.
Универзалната услуга опфаќа услуги за поштенски пратки со тежина до десет килограми, препорачани поштенски пратки, пратки со означена вредност, како и пратки за слепи лица и за лица со делумно оштетен вид.
Со измените во законот се овозможува и физичките лица да бидат даватели на поштенски услуги.
Од министерството информираат дека со усвојувањето на измените ќе се обезбеди развој на конкуренцијата и либерализацијата во поштенските услуги, влез на нови даватели, како и воведување на нови услуги по прифатливи цени, повисок степен на транспарентност кон давателите на пазарот, како и повисок степен на заштита на правата на крајните корисници. /крај/со/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

