Контакт

Македонија

Груевски: Изјавите на грчките претставници се разочарувачки

Објавено пред

Како крајно радикални премиерот Никола Груевски ги оцени позициите на Атина промовирани од страна на премиерот Јоргос Папандреу и шефот на дипломатијата Димитрис Друцас во последните два дена во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Како крајно радикални премиерот Никола Груевски ги оцени позициите на Атина промовирани од страна на премиерот Јоргос Папандреу и шефот на дипломатијата Димитрис Друцас во последните два дена во Њујорк. Според Груевски, изјавите на Папандреу и Друцас покажуваат дека нема помрднување на грчките позиции и побара поголема конструктивност од нивна страна. „По кој знае кој пат, по некое затишје од пет-шест месеци, грчките претставници и грчката влада објавува дека не отстапува од крајно радикалните позиции, што е многу лошо за надминување на овој спор“, изјави премиерот Груевски. Тој нагласи дека е подготвен повторно да се сретне со Папандреу во било кој момент. „Господинот Папандреу од мене има добиено отворена покана кога сака да ја посети нашата земја, да ја посети Република Македонија и кога сака, на било кое место, каде што му одговара да отидеме да се сретнеме доколку цени дека на таа средба ќе може да има некаков напредок“, изјави Груевски. Папандреу и Друцас, по средбите со Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, односно посредникот Метју Нимиц, излегоа со став дека напредок во спорот со името ќе има во оној момент кога ќе бидат прифатени грчките црвени линии – име со географска одредница за севкупна употреба. /крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва

Објавено пред

Голема промена на времето во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ке преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²).

Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).

Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег

Во Скопје почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Објавено пред

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот, информираат од ЈОРМ.

dobivaj vesti na viber

„Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст. Со оглед на тоа, во мај 2024 година, кога Сашо Мијалков добил конечна одлука за условен отпуст, јавниот обвинител воопшто не можел да има никакво влијание врз таквата одлука ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот. Тој надзор го одредува исклучиво Судот и согласно закон (член 255) може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.

Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд.

Позитивно мислење на јавниот обвинител за определените гаранции во сосема друга кривична постапка која завршила правосилно со ослободителна пресуда на Апелацискиот суд не може да однесува на мерките потребни за надзор над условниот отпуст за правосилно осудено лице“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНАМ oчекува опозицијата да предложи нов претседател на Комисијата за социјална политика по интерпелацијата за Даути

Објавено пред

„За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути“, велат од ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, стои во соопштението на ЗНАМ.

Претходно, Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение појасни дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.

И пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, па и понатаму останува претседател на Комисијата.

Со 61 глас од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ, Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва

Голема промена на времето во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои...

Македонија10 часа

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти...

Македонија12 часа

(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска...

Македонија12 часа

(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку...

Економија13 часа

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија – граѓаните се ограбени

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023...

Македонија15 часа

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Свет15 часа

(Фото) Трамп сака да ја преземе контролата врз Гренланд, Канада и Панамскиот канал

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот канал. Ова е само дел од неговите планови,...

Македонија1 ден

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија1 ден

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија1 ден

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија1 ден

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија1 ден

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет1 ден

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија1 ден

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет2 дена

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија2 дена

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија2 дена

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет2 дена

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет2 дена

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ2 дена

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...