Македонија
Во Собранието се делат стари мапи на Република Македонија
Нова демократија (НД) денеска побара од Министерството за економија да ги повлече мапите на Република Македонија кои се делат во Собранието, бидејќи тие биле стари и претставувале искривена слика за земјата.
Нова демократија (НД) денеска побара од Министерството за економија да ги повлече мапите на Република Македонија кои се делат во Собранието, бидејќи тие биле стари и претставувале искривена слика за земјата.
„На членовите од Комитетот за миграции, бегалци и населени на Советот на Европа во Собранието на Република Македонија на 21ви и 22ри септември им се делеа мапи, на кои е означено дека земјата се граничи со Југославија. Во делот пак кај што се објаснува за населението, се наведува дека во република Македонија живее два милиони народ, дека јазикот е македонски, а азбуката е кирилица“, образложи Сулејман Рушити.
Тој рече дека со ваквите мапи кои се наменети за меѓународната јавност се создава искривена слика за Република Македонија, и побара од Министерството за економија кое е надлежно за објавувањето на пропагандни материјали и мапи, да ја поправи грешката.
„Замислете како ќе биде претставена Република Македонија пред организациите кои се заинтересирани нешто да дознаат за државата. Искривената слика не е добра ниту за туризмот, ниту за политиката на Македонија“, рече Рушити.
Министерот за економија Фатмир Бесими, рече дека немал информации дека во Собранието има застарени мапи.
ој апелираше да се повлечат мапите и рече оти ќе бидат обезбедени нови од страна на Министерството./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

