Македонија
Старите лица ретко пријавуваат семејно насилство
Старите лица во Македонија често се подложни на семејно насилство, но голем дел од нив не ги пријавуваат случаите поради срам и осуда од општеството.
Старите лица во Македонија често се подложни на семејно насилство, но голем дел од нив не ги пријавуваат случаите поради срам и осуда од општеството.
Ова беше истакнато на денешниот семинар на тема „Превенција од насилство врз стари лица“, што се одржува во Скопје во организација на австриската амбасада во Македонија.
Според секретарот на Сојузот на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, насилството врз старите лица повеќе е распространето во западна Македонија.
„Во Македонија има околу 300.000 стари лица од кои околу 100.000 се со минимална месечна пензија. Голем број од нив се подложни на семејно насилство, кое ретко го пријавуваат, поради срам и осуда од општеството. Насилството е најраспространето во западна Македонија“, вели Аргировски.
Mинистерoт за труд и социјална политика Џељал Бајрами информираше дека во првите шест месеци од годината во Македонија од 635 пријавени случаи на семејно насилство, 35 случаи биле регистрирани како насилство врз стари лица.
Претставници на австриското министерство за труд и социјална политика на денешниот семинар ќе им ги пренесат своите искуства и совети на македонските колеги во областа на превенцијата од насилство врз старите лица.
На денешниот семинар за превенција од насилство врз стари лица, меѓу другото ќе се разгледуваат и стратегии и начини да се превенира насилството врз старите и немоќни како и полесно и поефиктивно да им се помогне на овие лица
Во јули годинава македонското министерство за труд и социјална политика усвои национална стратегија за заштита на старите лица 2010-2020 година. /крај/ми/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

