Македонија
Граѓаните до пролет ќе можат да го предадат нелегалното оружје без санкции
Не е доволно само министерството за внатрешни работи да спроведува успешни и решителни акции кои се економски неисплатливи, потребно е подигнување на свеста кај граѓаните за опасностите кои ги носи поседувањето на нелегалното оружје.
Не е доволно само министерството за внатрешни работи да спроведува успешни и решителни акции кои се економски неисплатливи, потребно е подигнување на свеста кај граѓаните за опасностите кои ги носи поседувањето на нелегалното оружје.
Ова е заклучокот од почетокот на работилницата за легализација и доброволно поседување на нелагалното оружје, која денеска ја организираа министерството за внатрешни работи и мисијата на ОБСЕ.
„Не е доволно само министерството за внатрешни работи да спроведува успешни и решителни акции за запленување на оружје, туку потребно е да имаме соработка со граѓаните односно подигнување на нивната свест за сите опасности кои ги носи поседувањето на нелегалното оружје кое неретко се користи за извршување на кривични дела и неретко е причина за предизвикување на телесни повреди“ изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Потребата и достапноста на секаков вид на оружје муниција и експлозивни материи, ја поткопува правдата, ја зголемува стапката на криминалот, има свое влијание на стабилноста на државата и претставува пречка на социјалниот и економскиот развој“ изјави Виолета Андонова, државен секретар на МВР.
Акцијата за предавање на оружјето е во тек и ќе трае до пролет. Со измените и дополнувањата на Законот за оружје усвоени во Собранието во мај годинава граѓаните кои поседуваат нерегистрирано, односно нелегализирано оружје можат да го предадат во најблиската полициска станица, без никакви санкции. Рокот започна да тече од 5 јуни./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

