Македонија
Комисијата утврдила дека никој од пратениците не бил кодош
Комисијата за верификација на фактите утврдила дека никој од 120 -те пратеници во Собранието не соработувал со тајните служби, потврдија од комисијата.
Комисијата за верификација на фактите утврдила дека никој од 120 -те пратеници во Собранието не соработувал со тајните служби, потврдија од комисијата.
„Врз база на документи добиени од Агенцијата за разузнавање, УБК, военото разузнавање, и државниот архив утврдивме дека сите 120 пратеници не соработувале со тајните служби“ изјави за Макфакс, Ѓорѓи Малковски од Комисијата за лустрација.
Комисијата според сите податоци и факти со кои располагала, утврдила дека не треба да се поведе постапка против никој од пратениците и ваквиот заклучок им го доставиле и на пратениците.
Уставниот судија на кого комисијата за верификација на фактите завчера му доставила заклучок дека неговата изјава дека не бил соработник на тајните служби не се поклопува со фактите кои што ги поседувала Комисијата, во понеделник во 11 часот јавно ќе се произнесе пред членовите на комисијата.
Седницата ќе биде јавна, освен тогаш кога ќе се презентираат сертифицирани податоци, кога седницата ќе биде затворена за јавност.
Поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски вчера го обвини премиерот Никола Груевски дека го кочи процесот на лустарција со заштита на пратеник од владејачкото мнозинство, за кој постоеле сомневања дека бил соработник на тајните служби.
Претходно Демократската партија на Албанците поднесе кривична пријава против членовите на комисијата за лустрација, под образложение дека го заштитуваат пратеникот на ДУИ, кој соработувал со тајните служби. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

