Македонија
Опозицијата обвинува дека комисијата лустрира под партиска директива
Брзо и ефикасно спроведување на законот за лустрација побараа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата пак обвини дека комисијата не го почитува законот и работи под политички притисок.
Брзо и ефикасно спроведување на законот за лустрација побараа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата пак обвини дека комисијата не го почитува законот и работи под политички притисок.
„ВМРО- ДПМНЕ бара процесот на лустрација да се спроведува брзо и ефикасно. Жално е што 20 години никој не собра храброст за да изгласа закон за лустрација, а јас би потсетил дека токму оваа политичка гарнитура го истурка процесот за изгласување на таков закон“ изјави Илија Димовски од ВМРО- ДПМНЕ.
Тој ги отфрли нападите од останатите политички партии и рече дека нивната цел е да го тргнат фокусот од себе. Според него, оваа политичка гарнитура нема ништо со претходниот систем, има чист образ и капацитет да бара и да упатува пораки за брзо и ефикасно спроведување на лустрацијата.
Цветанка Иванова од СДСМ, рече дека тие бараат доследна примена на законот за лустрација и осудуваат секакво партиско и политичко влијание врз процесот на лустрација.
„СДСМ нема што да крие во своите редови, нема кодоши, внатрешните расправии и расколите во ВМРО-ДПМНЕ ги оставаме тие сами да си ги решат“ рече Иванова.
Таа нагласи дека комисијата треба да лустрира согласно законот и да носи одлуки според фактите, а не да се надгласува.
И од ЛДП велат дека комисијата работи под партиска директива
„Членовите на комисијата беспотребно се надгласувале и навистина незнам за што гласале. Тоа е уште еден обид од владата да го девалвира парламентот кога дозволува кодошите да седат во редовите на парламентот“ изјави Роза Топузовска- Каровска од ЛДП.
Пратеничката на Нова демократија Флора Кадриу смета дека комисијата работи под политички притисок и според неа неправилно се спроведува законот за лустрација.
„Сметаме дека кодошлакот претставува еден вид феномен кој што е присутен кај сите ентитети и сметаме дека е потребно таквите личности да бидат лустрирани, а нивните имиња да бидат изнесени во јавноста и да им се одземе можноста за вршење на државна функција“ изјави Кадриу.
Поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски вчера го обвини премиерот Никола Груевски дека го кочи процесот на лустрација со заштита на пратеник од владеачкото мнозинство, за кој постоеле сомневања дека бил соработник на тајните служби.
Претходно Демократската партија на Албанците поднесе кривична пријава против членовите на комисијата за лустрација, под образложение дека го заштитуваат пратеникот на ДУИ, кој соработувал со тајните служби./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

