Македонија
МОН ќе испрати инспекција во затворените училиштата
Екипи на Министерството за образование и наука се очекува денеска да ќе излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојбата во која се наоѓаат училиштата, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат затвори две училишта.
Екипи на Министерството за образование и наука се очекува денеска да ќе излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојбата во која се наоѓаат училиштата, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат затвори две училишта.
Од МОН велат дека екипите ќе ги согледаат причините за затворањето на училиштата, како и начините за надминување на проблемите со кои се соочуваат во соработка со општините на чија територија и надлежност припаѓаат училиштата.
„Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека согласно Законот за основно образование, основач на училиштето е самата општина и таа е надлежна за тековното одржување на објектите во кои се изведува воспитно-образовна дејност,“ соопштуваат од Министерството за образование и наука.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера објави дека поради одредени недостатоци целосно се затворени училиштата во Липково и Чардаклија, додека делови од објекти се затворени во училиштата Панајот Гиновски“ и „Браќа Рамиз и Хамид“ – Чаир, како и во една градинка во Битола.Инспекцијата поради недостатоци затворила и шест фискултурни сали и 17 санитарни јазли.
И покрај овие наоди, при извршената 354 инспекциски надзори било констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба во училишните објекти низ Македонија генерално е подобрена, иако и натаму има одредени недостатоци. /крај/со/ко/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

