Контакт

Македонија

Ставрески: Коригираната стапка на статистика е нормална пракса

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии, Зоран Ставрески, го смета за нормална статистичка пракса тоа што Заводот за статистика вчера објави коригирана вредност за бруто- домашниот производ за првиот квартал.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии, Зоран Ставрески, го смета за нормална статистичка пракса тоа што Заводот за статистика вчера објави коригирана вредност за бруто- домашниот производ за првиот квартал.

Откако статистика забележа пад на БДП од 0,9 проценти за првото тромесечје, вчера објави дека падот изнесува 1,1 процент.

Ставрески вели дека тоа не се користи за дневно-политички цели.

„Економистите ако има такви што го кажале тоа очигледно не ги следат работите на заводите за статистика ширум светот. Тоа е нормална статистичка пракса, затоа таму има фусноти, пишува дека податоците се проценети и дека не се конечни. Во сите развиени земји се прави иста статистичка пракса, некогаш оди надоле, некогаш оди нагоре“ рече Ставрески и додаде дека најпрвo се прави проценка, па по неколку месеци се дава конечниот податок.

Ставрески смета дека има добри шанси до крајот на годинава Македонија да го достигне очекуваниот економски раст од 2 проценти, по објавените податоци на Заводот за статистика дека бруто домашниот производ на Македонија, во второто тромесечје од 2010 година забележа пораст од 0,4 отсто во споредба со истиот период лани.

„Имајќи предвид дека живееме во услови кога светската економска криза има последици врз економиите, јас лично се радувам на секој позитивен резултат. Сметаме дека е значајно економијата да оствари позитивни резултати и добро е што во вториот квартал се остварија нашите проекции дека ќе имаме, иако низок сепак позитивен економски резултат. Тоа создава солидна основа во третиот квартал бруто домашниот производ и економската активност да бидат уште подобри и имајќи ги предвид податоците што се објавија за индустриското производство, имајќи во предвид дека се подобрува наплатата на приходите во буџетот и се стабилизира потрошувачката, сметам дека има добри шанси до крајот на годинава да се приближиме од очекуваниот економски раст од 2 проценти“ изјави Ставрески.

Според економската теорија, една економија влегува во рецесија, ако во две тромесечја последователно оствари негативна стапка на раст.Македонија во последното тримесечје од изминатата година оствари позитивна стапка од раст од 1,2 отсто, со што беше прекината низата од негативна стапка на раст, остварен во првите три тримесечја од 2009 година./крај/фф

Македонија

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите, апелира МВР

Објавено пред

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечии деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење“.

Статистиката, додаваат од ова министерство, покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн.

„Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола. Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.

Со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.

Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот“.

Министерството за внатрешни работи, како што е нагласено во соопштението, ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. „Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Објавено пред

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита.

dobivaj vesti na viber

Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде крајот на неговото изживување врз карпошани.

Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче.

Алиби мајсторот Стевчо, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити“.

Храбриот Стевчо, вели Јаревски, треба да знае две работи, а тоа е дека народот во Карпош го порази и дека ќе има ревизија на неговото работење.

„Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија. Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општина Карпош“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено пред

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Ноември 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

06.11.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

07.11.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ3 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија3 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија4 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија4 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија7 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион7 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија7 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа8 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет8 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа10 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет10 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет10 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа10 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет10 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија1 ден

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ1 ден

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија1 ден

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...