Македонија
Бујар Османи: За болните луѓе од срце, минутите значат живот

Министерот за здравство, Бујар Османи, во пресрет на Денот на срцето, ја посети Клиниката за Кардиологија во Скопје.
Министерот за здравство, Бујар Османи, во пресрет на Денот на срцето, ја посети Клиниката за Кардиологија во Скопје.
Министерот Османи по прошетката низ клиниката, како и разговорот со пациентите, рече дека според опременоста и стручниот кадар, оваа клиника е најдобра не само во Македонија, туку и во целиот регион.
„За срцевоболните луѓе минутите значат живот. Имаме целосно опремена клиника за кардиологија, за која и правевме компаритвна анализа со светските клиники за листите на чекање. Според податоците кои ги добивме, акутните случаи се оперираат веднаш, за коронографија се чека 15 дена, а за ехо на срце од 15 до 30 дена“, рече министерот Османи.
Според статистиката која вработените во Кардиологија му ја презентираа на министерот, годишно оваа клиника прима 65.000 пациенти, а во моментов најмладите од нив се со 19 и 24 години./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.