Македонија
Уставниот судија на отворена седница ќе докажува дека не бил кодош
Уставниот судија за кого Комисијата за верификација на фактите тврди дека поседува докази за негова соработка со тајните служби денеска во 11 часот, јавно пред членовите на Комисијата ќе ги изнесе своите факти за да докаже дека не бил кодош.
Уставниот судија за кого Комисијата за верификација на фактите тврди дека поседува докази за негова соработка со тајните служби денеска во 11 часот, јавно пред членовите на Комисијата ќе ги изнесе своите факти за да докаже дека не бил кодош.
Според најавите од Комисијата, соочувањето на фактите ќе биде јавно, освен кога ќе се презентираат документи класифицирани како државна тајна. Комисијата за лустрација во вторник му достави заклучок на уставниот судија дека неговата изјава дека не бил соработник на тајните служби не се совпаѓа со фактите кои што ги поседувала Комисијата.
Во среда судијата, преку портпаролот на Уставниот суд, побара јавно соочување со членовите на Комисијата.
Ако тој го прифати заклучокот на лустраторите, тој ќе мора да се повлече од функцијата, а доколку не се согласува со наодите на Комисијата, тој има право да поведе постапка пред Управниот суд.
Наодите на Комисијата предизвикаа жестоки дебати во јавноста.
Демократската партија на Албанците поднесе кривична пријава против членовите на Комисијата за лустрација за прикривање на факти и докази, во корист на пратеник на ДУИ.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски преку отворено писмо до актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски обвини дека владејачката партија е главен кочничар на доследното и принципиелно спроведување на лустрацијата во Македонија.
Тој исто така посочи дека актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен потпретседател и министер бил соработник на тајните служби.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски исто така во отворено писмо го обвини Георгиевски дека работи по сценарио на Бранко Црвенковски со цел да ја симне ВМРО-ДПМНЕ од власт.
Комисијата пак минатата недела излезе официјално дека утврдила дека никој од 120 -те пратеници во Собранието не соработувал со тајните служби, потврдија од комисијата.
Законот за лустрација во Македонија беше донесен во 2008 година и важи за перидот до 1991 година, кога е донесен новиот Устав на Македонија.
Во март годинава, Уставниот суд ја укина одредбата името на лицето кое соработувало со тајните служби да се објавува во Службен весник, за да не се жигосуваат личностите
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во петокот вечерта донесе одлука со која ќе предложи измени на Законот за лустрација, според кои лустрацијата ќе важи и по осамостојувањето на државата, како што беше предвидено со законот пред Уставниот суд да ја укине оваа одредба./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

