Македонија
Продолжен притворот за осомничените за убиството на српскиот турист во Охрид
Притворот на седумтемина осомничени за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им е продолжен за уште 30 дена, јави Охридњус.
Притворот на седумтемина осомничени за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им е продолжен за уште 30 дена, јави Охридњус.
Имено, истражниот судија испратил допис до Основниот суд во Охрид дека истражната постапка се уште не е завршена и дека е потребно дополнително време таа да се комплетира.
Во текот на минатиот месец биле сослушани поголем број сведоци и биле прегледувани материјалите од безбедносните камери на објектите во чија близина се случи немилиот настан. Во перидот кој престои ќе бидат изведени нови докази, а најавени се и нови сведоци.
Одбраната на осомничените неодамна реагираше дека истражната постапка се одолговлекува што ќе доведе до продолжување на мерката притвор на обвинетите без да бидат изведени доказите на бранителите.
„Ова е уште еден доказ како мерката притвор во Македонија се преиначува во казна. Сметаме дека 30 дена се доволен период истрагата да утврди кој од осомничените се виновни и треба да останат во притвор, а другите лица треба да се ослободат“ изјави Воислав Димоски, адвокат на еден од притворените охриѓани.
За убиството на белграѓанецот Дејан Новаковиќ се осомничени 8 лица. Седуммина се охриѓани, а едно лице е српски државјанин кое по немилиот настан илегално ја напушти земјава и по него е распишана меѓународна потерница./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

