Македонија
Друцас: ПЈРМ да ја прифати подадената рака на пријателство
Постојат неколку отворени прашања на Балканот, меѓу кои е прашањето за името на Поранешната југословенска република Македонија,истакна вршителот на должноста грчки министер за надворешни работи Димитрис Друцас во своето обраќање до Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк
Постојат неколку отворени прашања на Балканот, меѓу кои е прашањето за името на Поранешната југословенска република Македонија, истакна вршителот на должноста грчки министер за надворешни работи Димитрис Друцас во своето обраќање до Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк„Ова не е билатерален, педантен спор за историските симболи, како што некои се обидуваат да го претстават, туку регионално прашање, со длабоки историски корења, врзано за добрососедските односи“, рече Друцас. Со цел да се постигне компромис за прашањето за името, вели натаму Друцас, двете страни треба да се сретнат на половина пат со тоа што ќе преземат реципрочни мерки да се надмине јазот и да се помират нивните спротивставени ставови. „Грција веќе го направи својот дел. Фер и трајно решение може да се заснова единствено на име со географска одредница и да се употребува за сите намени, ergo omnes“, смета Друцас. Тој додава дека Македонија е голем географски регион, од кој најголемиот дел се наоѓа во Грција, помал во ПЈРМ, а најмалиот е во Бугарија. Делот во ПЈРМ, смета Друцас, не може да ја претставува целината и не смее да се дозволи ексклузивното присвојување на името „Македонија“ од ПЈРМ да го поттикнува национализмот. „Секое решение мора да биде сеопфатно имплементирано, затоа што поинаку денешната ситуација, едноставно, ќе се пресликува. Ние ги интензивиравме нашите напори да се постигне спогодба, во контекст на воспоставениот процес на преговори во ОН, предводени од господинот Нимиц, со надеж дека ова ќе стане реалност што е можно поскоро“, вели Друцас. Тој додаде дека го одбрал Генералното собрание, кое е природен форум за решавање на меѓународните спорови, за да ја објави, уште еднаш, подготвеноста на Грција да се постигне решение уште утре и го повика премиерот Груевски да покаже лидерство и да стане партнер на Грција во напредокот, кој ќе резултирал во светла и просперитетна иднина за грчкиот сосед. . „За оваа цел, апелирам до раководството на нашата соседна земја да ги концентрира напорите кон наоѓањето решение, наместо залудно да ги расфрла скапоцените ресурси и енергија на практики на „купување време“, на создавање на атмосфера на антагонизам или дури и анимозитет, како и на одбегнување да се преземе одговорност. Грција пружа рака на пријателство и соработка. Дојдено е времето кога нашите соседи да ја прифатат подадената рака“, заклучи Друцас во говорот пред генералното собрание на ОН. /крај/мд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

