Македонија
Промовирана Стратегијата за развој на Центарот за стручно образование
Со цел да се зајакне нивото на квалитетот во средното стручно образование, денеска беше промовирана петгодишнатата стратегија за развој на Центарот за стручно образование и обука.
Со цел да се зајакне нивото на квалитетот во средното стручно образование, денеска беше промовирана петгодишнатата стратегија за развој на Центарот за стручно образование и обука. На презентацијата на стратегијата освен многуте домашни и странски експерти, присуствуваа и Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, како и министрите за труд и социјална политика и за образование и наука, Џељаљ Бајрами и Никола Тодоров. „На овој начин сакаме да го зајакнеме нивото на квалитет во средното стручно образование затоа што повеќе од 60 отсто од учениците се вклучени токму во средното стручно образование, а од друга страна средното стручно образование е од големо значење на технолошкиот развој на Република Македонија,“ рече Министерот за образование и наука, Никола Тодоров. Тој напомена дека во рамките на Центарот за стручно образование и обука во тек се едни од најкрупните реформи во Средното стручно образование што се направени во последните дваесетина години. „Четиригодишното средно стручно образование е веќе реформирано, концепциите за тригодишно, двегодишно и пост – средно образование се веќе изготвени и во наредниот период ќе бидат и донесени,“ рече Тодоров. Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрам изјави дека носењето на една ваква стратегија ќе даде голем придонес за намалување на невработеноста во земјата. „Со реформирање на средното стручно образование ќе се зајакне образованието, ќе се изнесат поквалификувани и постручни кадри кои ќе може да се вклучат на пазарот за работна сила и со тоа ќе може да дадат придонес за оформувањето на едно современо општеството,“ рече Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски. Зеќир Зеќири, Директор на Центарот за стручно образование и наука изјави дека оваа стратегија ќе биде еден патоказ за планирање на стратегија за развој на целото стручно образование на ниво на Република Македонија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

