Македонија
Хуманитарна велосипедска трка „Ливстронг“
Во рамки на денешниот светски ден на организацијата „Ливстронг“ (Livestrong), чиј основач е Ленс Армстронг, светски шампион во велосипедизам и пациент со дијагностициран рак, во Скопје ќе се реализира хуманитарна велосипедска трка.
Во рамки на денешниот светски ден на организацијата „Ливстронг“ (Livestrong), чиј основач е Ленс Армстронг, светски шампион во велосипедизам и пациент со дијагностициран рак, во Скопје ќе се реализира хуманитарна велосипедска трка.
Велосипедската трка има за цел да ја подигне свеста во врска со потребите на пациентите заболени од рак и нивните семејства.
Хуманитарната трка ќе започне пред СУГС „Никола Карев“ од каде преку ул. „Бледски договор“ и бул. „Илинден“ ќе се пристигне на целта пред СУГС „Орце Николов“ каде заинтересираните ќе можат да дадат свој придонес во глобалната акција за борба против ракот со купување ваучер за Ливстронг.
Во вечерните часови во просториите на МКЦ Клуб ресторанот ќе се одржи прием со презентација на информации за светскиот ден Livestrong и потребата од подигање на свеста и информираноста на граѓаните и здравствените работници за потребите на пациентите заболени од рак и нивните семејства./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) По претставка на родителите на загинатите деца во Кочани, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.
На седницата се поканети сите членови и заменици на Комисијата, претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и подносителите на претставката, кои ќе имаат право на обраќање.
Апасиев нагласи дека ова не е ниту надзорна, ниту јавна расправа, туку редовна седница што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани – пракса која и претходно постоела во парламентот. Тој потсети дека постоеле три неуспешни обиди оваа точка да се стави на дневен ред, поради што е поведена и управна постапка против претседателот на Собранието.
Во однос на паралелните иницијативи за анкетни комисии од власта и опозицијата, Апасиев објасни дека тие се ад хок тела со ограничен рок и квази-истражни функции, додека постојаната Комисија има континуитет и редовни обврски.
Во делот на новинарските прашања, тој истакна дека клучната цел е конечно родителите да добијат институционална можност да се обратат во Собранието – нешто што со месеци им било блокирано.
Очекувањата од седницата се да се отвори плодна дискусија и да се понудат заклучоци со конкретни законски измени, кои ќе адресираат системски пропусти и ќе лоцираат политичка одговорност.
Се додава дека правната постапка продолжува во судот и парламентот во неа не може да се меша, но има обврска да ја утврди политичката страна на одговорноста и институционалните пропусти што доведоа до трагедијата во Кочани.
Македонија
Жители од Даљан бараат Општина Охрид итно да го отстрани паднатото дрво што смачкало автомобил
Жителите на охридската населба Даљан упатија апел до медиумите и до Општина Охрид, барајќи итно да се отстрани масивен бор кој паднал врз паркирано возило на улицата Сатеска бр. 40 на 22 ноември 2025 година.
Според нивното известување, дрвото – високо околу десет метри – се откорнало од невремето и паднало во пешачката зона пред зградата со три влеза. Жителите посочуваат дека немало пешаци во моментот на падот, поради што е избегната евентуална трагедија.
![]()
Укажуваат дека веднаш била повикана противпожарната служба, но дека службата се прогласила за ненадлежна и ја напуштила локацијата. Подоцна дошле претставници од Општина Охрид и од ЈП „Комуналец“, но, според жителите, заминале без да преземат мерки и без да најават кога ќе го отстранат дрвото.
Жителите потсетуваат дека на истата локација пред неколку години паднало друго дрво, по што општинските служби ги обележале и останатите борови како опасни и за отстранување, но тоа не било реализирано.
![]()
Тие нагласуваат дека паднатиот бор се наоѓа на земјиште во сопственост на Република Македонија и дека Општина Охрид има обврска да постапи. Жителите реагираат дека, иако при сличен случај во центарот на Охрид биле брзо мобилизирани екипи, во Даљан немало интервенција.
„Не сме граѓани од втор ред. И ние плаќаме данок и очекуваме Општината да постапи исто како во сите населби“, наведуваат жителите во апелот.
Македонија
(Видео) Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.
Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите.
„Сервисирањето на социјалните обврски кон граѓаните треба да е приоритет на секоја Влада. За сите исплати да течат согласно законските рокови, клучно е парите да бидат обезбедени во буџетот на Министерството.
Tоа на што сме сведоци е дека состојбата со буџетот на министерството во делот на пензиите е алармантна.
Но, не е само со пензиите, и со правата и надоместоците за социјална заштита исто така, и со социјалните услуги и со заштитните друштва, едноставно со сè нема доволно пари на ставките за овие права“, нагласи таа.
Додаде дека пари за исплата на декемвриската пензија нема ниту во буџетот на Министерството за социјална политика, ниту во Фондот за пензиско.
„За сето ова бројките се сведок и тие постојат во документите. Ова значи дека вие немате пари за да трансферирате до Фондот за да се исплати декемврската пензија.
За каква социјална сигурност на пензионерите зборувате?
Или важно ви беше само да ги искористите и излажете граѓаните за изборите“.
Јавна тајна е, кажа Тренчевска, зошто меѓу другото се задолживте со унгарскиот кредит.
„Не за да реализирате капитални инвестиции, туку за да го покриете дефицитот во Фондот, кој за само година и пол на власт го продлабочивте за над 50%. Знаете ли дека со ваков дефицит ги ставате во ризик исплатите не само на сегашните пензионери, туку и на сите идни пензионери?
И да не спинувате дека СДСМ е против зголемување на пензиите – ние сме ЗА зголемување, за да растат пензиите, но мора и да се чува стабилноста на фондот“.

