Македонија
Да се создаде туристички производ од Шарпланинскиот регион
Создавање туристички производ со прецизно утврдени таргети, како резултат на сеопфатна анализа на регионот е препораката од годинешните „Дијалози на Шар“ под мотото „Туризам-Природа-Традиција“.
Создавање туристички производ со прецизно утврдени таргети, како резултат на сеопфатна анализа на регионот е препораката од годинешните „Дијалози на Шар“ под мотото „Туризам-Природа-Традиција“. Годинешното издание на манифестацијата „Дијалози на Шар“, која се одржува во чест на Светскиот ден на туризмот, се одржа во сабота на Попова Шапка. Конципирана како хепенинг, под наслов „Туризам-Природа-Традиција“, во чии рамки се одржа форум кој го водеше министерот за економија Фатмир Бесими, изложба на традиционални ракотворби, организиран марш и натпревари во традиционални спортови. На форумот учествуваа претставници на владиниот, на невладиниот, на приватниот сектор, претставници на локалната самоуправа и на дипломатските претставништва во Македонија, а гости-говорници на министерот Бесими беа Герт Кампман, советник и заменик-шеф на мисијата во амбасадата на Кралството Холандија и Сашо Коруновски, декан на факултетот за туризам во Охрид и експерт за туризам. „Следејќи ги препораките од минатогодишните „Дијалози на Шар“ и анализата којашто е дел од Студијата за развој на туризмот во Шарпланинскиот регион која ја презентиравме во јуни годинава, произлегува дека промовирањето на Шар, како атрактивна туристичка дестинација, е неопходно не само од аспект на развојот на туризмот, туку и пошироко, од аспект на општиот економски развој на регионот, бидејќи преку предвидените проекти и активности ќе се овозможи развој на туризмот во Шарпланинскиот регион, но и промоција, развој и зачувување на регионалните природни и културни атракции, зближување на луѓето во регионот и подобрување на квалитетот на животот на локалното население“, рече министерот Бесими во своето обраќање. Претставникот на холандската амбасада Кампман ги претстави своите погледи и идеи за поуспешен развој на туризмот на Шапка. Тој во своето обраќање акцентот го стави на финансирањето проекти според моделот на јавно-приватно партнерство, кој се покажал како најефикасен во светското искуство, кој би нашол квалитетна примена во регионот.Коруновски, пак, изложи експертска анализа на состојбите, упатувајќи на потребата да се направи анализа на туристичката состојба на Шар за да се увидат потребите на туристите и реалните можности на регионот. Од форумот беа финализирани неколку препораки, меѓу кои за продолжување на соработката меѓу државата, приватниот, невладиниот сектор и универзитетските установи во насока на развој на туристичките потенцијали на Шар и за создавање туристички производ со прецизно утврдени таргети, согласно барањата на домашните и странските туристи, како производ на сеопфатна анализа на регионот. Една од препораките е и за создавање на сите неопходни предуслови за развој на туризмот на Шар, вклучувајќи ја инфраструктурата, сместувачките капацитети, обучено население и утврдени спомен и културни обележја кои го привлекуваат вниманието на туристот, со анимирање на претприемачите и мобилизирање на приватниот капитал. Учесниците на форумот заклучија и дека еден од приоритетите треба да биде промовирањето на Попова Шапка како целина во којашто освен зимскиот, свое место ќе најдат и другите (алтернативни) видови туризам во една туристичка целина./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

