Македонија
Едно лице е повредено при беснеење на „Комитите“ и „Војводите“
Инцидент на вчерашниот натпревар во Тетово меѓу фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово и Вардар од Скопје. Едно лице е повредено во низата инциденти што ги предизвикале двете навивачки групи, соопшти МВР.
Инцидент на вчерашниот натпревар во Тетово меѓу фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово и Вардар од Скопје. Едно лице е повредено во низата инциденти што ги предизвикале двете навивачки групи, соопшти МВР.
Тензиите започнале уште пред почетокот на натпреварот додека навивачката група „Војводи“ пеш се движела по улица.
Дваесетгодишно момче од селото Порој со автомобил Опел аскона се оглушил на наредбите на полицијата да го запре возилото за да помине навивачката група. Наместо тоа, тој ја зголемил брзината и директно влегол во групата навивачи. Разлутените навивачи со удари со нозе и со раце му скршиле две задни светла на возилото.
Во 15:30 часот со автобус пристигнала навивачката група „Комити“ и се сместиле на Западната трибина. Во меѓувреме, „Војводите“ почнале да фрлаат со камења кон чајџилницата „Малет е Шари“ и поранешната канцеларија на навивачката група „Балисти“ при што биле оштетени три изложни стакла и било повредено четириесет и шестгодишно лице од село Чегране во пределот на главата.
Во насилството му се придружиле и „Комитите“, при што интервенирала полицијата и биле истиснати на Источната трибина и било приведено дваесет и три годишно лице.
По завршувањето на првото полувреме почнала меѓусебна тепачка меѓу “Комитите“. Во инцидентот биле приведени тројца триесетгодишни скопјани.
Инциденти имало и на почетокот на второто полувреме, кога „Војводите“ запалиле два факела и четири димни бомби. И покрај овие инциденти, натпреварот не бил прекинат./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

