Македонија
А1 не била казнета поради актуелните рекламни кампањи
Телевизијата А1 е казнета за време на предизборен период заради надминување на лимитот за рекламирање, соопштуваат од Советот за радиодифузија. Казната немала никаква поврзаност со моменталното емитување на актуелните рекламни кампањи на една политичка партија.
Телевизијата А1 е казнета за време на предизборен период заради надминување на лимитот за рекламирање, соопштуваат од Советот за радиодифузија. Казната немала никаква поврзаност со моменталното емитување на актуелните рекламни кампањи на една политичка партија.
Од таму изразуваат изненаденост од постапката на телевизијата да престане да емитува програма повикувајќи се на претходна одлука
„Поради тоа, согласно законските казнени мерки, тогаш СРД и’ наложи на ТВ А1 во текот на еден ден да не емитува реклами и телешопинг и затоа СРД смета дека сегашниот целосен прекин на програмата е самоволен потег на оваа телевизија и е отворена провокација. СРД има изречено повеќе вакви мерки и на други радиодифузери“ се вели во соопштението на СРД.
По реакциите на граѓаните за платеното политичко информирање, СРД уште еднаш ги предупредува сите радиодифузери стриктно да се придржуваат на одредбите на законот за радиодифузија и да не дозволат во политичкото рекламирање да има учество и прикажување на малолетници ниту какви било форми во кои не се почитува човечкото достоинство.
„СРД во наредниот период ќе ги презема сите законски мерки кои му се на располагање во санкционирање на сите прекршувања на ЗРД“ предупредуваат од СРД.
Телевизија А1 од синоќа на полноќ не емитува програма. На црн екран стои известување дека телевизијата 24 часа нема да емитува програма.
„Заради постапување по одлука за изрекување на мерка забрана за рекламирање од еден ден, изречена од СРД, бр. 10 – 1328/1, не се емитува редовната програма на А1 ТВ. Прекинот ќе трае од 00 до 24 часот, на 04.10.2010.“ пишува на екранот./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

