Македонија
Почина момче- се заглавило на покрив од трафика
Момче од ромска националност се заглавило на покрив од трафика во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и починало, соопштуваат од МВР.
Момче од ромска националност се заглавило на покрив од трафика во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и починало, соопштуваат од МВР.
Случајот бил пријавен околу 6:45 часот. Лекари од Брза помош констатирале смрт, а на местото се наоѓаат и пожарникари.
Од МВР подетални информации, најавуваат за подоцна./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР
Македонија
Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, велат од СДСМ
„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, велат од СДСМ.
„За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија.
Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме.
Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија.
Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВЛЕН: Осуда за провокациите кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ
ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на „некој маргинален проруски политичар во Бугарија“ кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.
„Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија.
Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции“, се вели во соопштението на ВЛЕН.