Македонија
Милошоски: Примена на словенечко-хрватскиот модел во спорот со името
Примена на словенечко-хрватскиот модел како начин за деблокирање на евроатлантските интеграции на Македонија е идејата што синоќа шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски ја изнел на средбата со неговиот германски колега, Гидо Вестервеле, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Примена на словенечко-хрватскиот модел како начин за деблокирање на евроатлантските интеграции на Македонија е идејата што синоќа шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски ја изнел на средбата со неговиот германски колега, Гидо Вестервеле, јавува Дојче Веле на македонски јазик. Ова, според Милошоски во пракса би значело паралелно одвивање на интегративниот процес и на преговорите за името. На ова, Вестервеле одговорил со барање за одржување на дијалогот со Грција, но и на рефoрмскиот процес. „Одржувајте го билатералниот дијалог со Грција, гледајте ако има можности тој дијалог да даде резултат и да бидат искористени тие можности. А истовремено правете ги реформите дома, така како што налага Европската комисија. И држете го вашето досие и вашите достигнувања на ниво во Брисел. Тоа ви е сепак секогаш силен аргумент којшто не може да се занемари“, гласела пораката на Вестервеле, пренесува Дојче Веле. На средбата двајцата министри оцениле дека односите меѓу Македонија и Германија се на многу добро ниво, како на политички, трговски, така и на културен план. /крај/дв/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

