Македонија
ДУИ нема да бара предвремени избори и нема да предложи решение за името
Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да бара предвремени избори и нема да нуди решение за спорот со името, е пораката што лидерот Али Ахмети ја соопштил на денешната средба со словенечкиот европратеник Зоран Талер, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да бара предвремени избори и нема да нуди решение за спорот со името, е пораката што лидерот Али Ахмети ја соопштил на денешната средба со словенечкиот европратеник Зоран Талер, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Прашањето за името била главна тема на денешната средба на Ахмети со Талер. Иако, како што јавува Дојче Веле повикувајќи се на партиски извори, од ДУИ ситуацијата во Македонија ја сметаат за неодржлива, сепак албанскиот партнер во владата ќе чека и ќе поддржи решение што ќе биде прифатливо за македонската страна и поради тоа не треба да се очекува иницијатива од нивна страна.
Талер, пак, од своја страна оценил дека ставовите на Ахмети се во иста линија со оние на Брисел. /крај/дв/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

