Македонија
Неправилности во повеќе јавни здравствени установи во државата
По контролата на 20 јавни здравствени установи во државата, утврдени се неправилности во работењето ,се вели во извештајот на Меѓуресорската комисија кој го презентираше министерот за Здравство Бујар Османи и директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Маја Парнарџиева Змејкова
По контролата на 20 јавни здравствени установи во државата, утврдени се неправилности во работењето ,се вели во извештајот на Меѓуресорската комисија кој го презентираше министерот за Здравство Бујар Османи и директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Маја Парнарџиева Змејкова
Пресметка и исплата на плати надвор од Законот и колективниот договор,склучувани договори за набавка на лекови надвор од максималните цени дефинирани со законската методологија на единствени цени на лековите и создавање на неоправдано големи резерви на лекови и друг медицински материјал се неправилностите кои биле утврдени кај поголемиот дел на преконтролираните здравствени установи.
„Задолжително е Бирото на лекови да ги контролира сите фармацевтски компании кои на тендерите во јавните здравствени установи нудат лекови над единствените максимални цени дефинирани во Законот и јавните здравствени установи кои ги прифаќаат таквите цени“, рече Османи.
На една од последните седници, Владата донесе заклучоци МЗ во соработка со другите институции да подготви унифициран систем на пресметување на плати поради констатирањето на непочитување на договорот во однос на нивна пресметка и исплата.
Во десетина институции од 20-те контролирани е констатирано дека има можност преку подобро организирање на менаџментот и персоналот да се обезбеди нормално функционирање без креирање на долгови, информираше Змејкова.
Змејкова ја нагласи потребата од поголема внатрешна контрола во болниците со цел да се намалат злоупотребите и одлевање на средствата од нивните буџети.
Османи најави контрола и во преостанатите 20 јавни здравствени установи во државата.
Извештајот на Меѓуресорната комисија е пратен до МВР и до Јавното обвинителство и ќе се бара лична и материјална одговорност како и разрешување на дел на директорите, информираше Бесими./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

