Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски вчера го одржа најпразниот говор во кариерата
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот настап во Прилеп на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски го оцени како најпразен говор во неговата политичка кариера, а митингот како целосно потфрлање на партијата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот настап во Прилеп на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски го оцени како најпразен говор во неговата политичка кариера, а митингот како целосно потфрлање на партијата.
„Бранко Црвенковски вчера го одржа својот најпразен говор во политичката кариера и доби црвен картон од граѓаните на Прилеп и од граѓаните на Македонија. Тоа беше говор кој беше насочен исклучиво за пресметка со внатрепартиските опоненти каде тој „демократски” им нареди на членовите на СДСМ дека треба него и само него да го слушаат“, изјави денеска Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него Црвенковски не понудил никакви проекти и решенија кои што можат да ги подобрат состојбите во РМ.
„Тој во неговиот говор и во неговите настапи не кажува ниту еден проект што ќе го реализира, нема ниту едно решение за состојбите во Македонија, туку само говор на поделби и говор во кој што сака да демонстрира сила во внатрепартиските редови во СДСМ“ , рече Ѓорчев.
Албанската владејачка партија ДУИ по вчерашниот митинг апелираше до сите политички субјекти да внимаваат на вокабуларот.
„Јас би повикал и би апелирал до сите релевантни политички фактори и политички партии во Македонија дали се опозициски или од власта, да внимаваат на нивниот вокабулар, особено пред овој условно кажано критичен период, кога очекуваме извештај од ЕК и пред самитот на НАТО, да внимаваат во нивните етикетирања едни спрема други, да бидеме позрели политички и поодговорно институционално и државнички и да покажеме дека Македонија има одговорни политичари“, изјави Сафет Незири од ДУИ.
И според либералдемократот Андреј Жерновски говорот на Црвенковски бил празен говор кој не може да смени ништо.
„Вчерашниот настап на Црвенковски е уште една потврда на ставот на ЛДП, дека токму тој претставува кочничар на што побрзото заминување на Груевски, огромно незадоволство постои, граѓаните сакаат да видат смена на оваа штетна политика на Груевски но, тоа не може да се направи со веќе слушнати празни говори“, изјави Жерновски.
Според него треба друга политичка платформа која како што рече се спротивстави на штетната политика.
Од Нова демократија сметаат дека преку митингот граѓаните можеле да го искажат незадоволството од креирањето и реализирањето на политиките на Владата.
„СДСМ има легитимно право да организира мирни протести, преку кои ќе го искаже незадоволството на граѓаните во однос на креирањето и реализирањето на политиките на оваа Влада, но и со тоа да побара смена на истата“, рече Фора Кадриу од Нова демократија.
Црвенковски вчера од Прилеп порача дека не се откажува од политиката и од СДСМ и дека од овој град ја почнува битката со како што рече лажниот патриотизам./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

