Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски префрлал пари од Министерство на негова фирма
По обвинувањето за малверзациите со реиздавањето деловен просто на општина Гази Баба, владејачката партија го обвини Стевчо Јакимовски, дека додека бил министер за економија за извршени угостителски услуги префрлал пари од министерството на фирма која била во негова сопственост.
По обвинувањето за малверзациите со реиздавањето деловен просто на општина Гази Баба, владејачката партија го обвини Стевчо Јакимовски, дека додека бил министер за економија за извршени угостителски услуги префрлал пари од министерството на фирма која била во негова сопственост.
„Тогашниот министер за економија Стевчо Јакимовски си префрлал пари на бизнисменот Стевчо Јакимовски. Тој во ноември 2003 г. станува министер за економија во владата на СДСМ. Веќе следниот месец, според документите со кои располагаме, во декември истата година министерството за економија, раководено од Стевчо Јакимовски, под ставката угостителски услуги врши исплата на фирмата „КИТ консалтинг-ресторан Галеб“.
Просториите на ресторанот Галеб во 2003 г. се под закуп на фирмата на Стевчо Јакимовски „Кит Консалтинг ДОО Скопје“. Тоа значи дека согласно конкретните документи со кои располагаме Јакимовски си вршел исплати на пари, за користени угостителски услуги на фирма која е во негова сопственост“, рече во сабота на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Тој додаде дека Министерството за економија вршело исплати на фирмата на Стевчо Јакимовски се до ноември 2004 г., еден месец пред Јакимовски да замине од функцијата министер за економија.
„За една година на фирмата на Стевчо Јакимовски од Министерството за економија и биле префрлени пари кои можеше да им помогнат на многу семејства во Македонија. Парите од државната каса, од џебот на граѓаните оделе во џебот на Стевчо Јакимовски. Значи Министерот Стевче Јакимовски си префрлал пари на бизнисменот Стевчо Јакимовски“, дополни Бичиклиски.
Тој од Јакимовски побара да објасни дали неговата фирма „Кит Консалтинг“ е само параван зад кој се крие огромна пералница на пари и зошто парите на граѓаните биле трошени на скапи ручеци во неговиот ресторан. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

