Македонија
Пердју: Брисел и Вашингтон не го сфаќаат сериозно проблемот со името

САД и Европската Унија треба да посветат внимание на спорот со името, со цел да има напредок во разговорите меѓу Македонија и Грција, смета Џејмс Пердју, поранешен заменик на генералниот секретар за операции во НАТО и некогашен американски олеснувач за Рамковниот договор од 2001-ва година.
САД и Европската Унија треба да посветат внимание на спорот со името, со цел да има напредок во разговорите меѓу Македонија и Грција, смета Џејмс Пердју, поранешен заменик на генералниот секретар за операции во НАТО и некогашен американски олеснувач за Рамковниот договор од 2001-ва година. Според него, прашањето со името нанесува голема штета на неколку полиња во Македонија, а на долг рок смета дека овој проблем може да и нанесе штета и на Грција.
Веста е заклучена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Бутел, Центар и Аеродром

Без струја денеска ќе останат делови од Бутел, Центар и Аеродром.
„Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 22.08.2025 година ( петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа. (Општина Бутел)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Васил Стефановски (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 9-ти Мај (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Тодор Чангов (општина Аеродром)“, информира ЦУК.
Македонија
Гужва на „Табановце“, за излез се чека 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
В сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер, кој ќе продолжи и в недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.