Македонија
Кражба тешка 20.000 евра во тетовско Теново
Непознат сторител вчера попладне извршил кражба во куќа во село Теново, Тетово, откако сам ја отворил влезната врата со клуч што бил оставен на полица пред вратата, при што е причинета материјална штета од 20.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Непознат сторител вчера попладне извршил кражба во куќа во село Теново, Тетово, откако сам ја отворил влезната врата со клуч што бил оставен на полица пред вратата, при што е причинета материјална штета од 20.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Веста е заклучена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Заменик министерот за внатрешни работи Исени на терен со полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени за време на новогодишната вечер ги посети полициските службеници додека ги извршуваат нивните работни задачи во Секторот за внатрешни работи Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар. Како и секоја година, празниците се прославуваат со семејствата или во друштво со пријателите, но МВР и полициските службеници се на работа и се посветени на гарантирање на редот, мирот и безбедноста на нашите граѓани ширум државата, извести МВР.
Целта на оваа посета беше да се споделат неколку празнични моменти со дежурните полициски службеници како едно големо полициско семејство, да им се заблагодариме за нивната работа и да ги поттикнеме во натамошното професионално извршување на нивните должности и обврски. Во Новата 2025 година како Министерство за внатрешни работи заедно со граѓаните да придонесеме за подобра заедничка и безбедна иднина на државата, соопшти МВР.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 1 јануари 2025 година во 00 часот и 15 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, 80 km западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Тошковски: Македонските граѓани можат да се чувствуваат безбедни, полицијата е присутна и будно ја следи состојбата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва оствари работна средба со раководството на СВР Скопје и посети дел од полициските службеници на терен кои во пресрет на новогодишната ноќ имаат задача да се грижат за безбедносната состојба и одржување на јавниот ред и мир.
„Огромна благодарност до македонската полиција, до секој еден македонски полицаец којшто моментално не е со своето семејство во својот дом, туку е на терен помеѓу македонските граѓани на местата каде што се прославува новогодишната ноќ. Покрај полициските службеници од сите сектори кои се на терен, имаме полициски службеници и од сообраќајната полиција како во рамки на СВР Скопје така и во рамки на сите останати Сектори за внатрешни работи низ Македонија. Присутни сме и контролираме, ќе бидеме будни како македонска полиција и ја користам оваа прилика да испратам апел до сите наши граѓани, посебно до оние кои оваа вечер ќе слават и ќе консумираат алкохол, да не управуваат моторно возило, како и да не користат пиротехнички средства кои што би можеле да нанесат повреди“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека македонските граѓани можат да се чувствуваат безбедни и посака оваа ноќ сите да ја поминат во пријатна атмосфера, мирно и достоинствено да прославуваат а дека полицијата е присутна и будно ќе ја следи состојбата во насока на одржување на јавниот ред и мир.