Македонија
Потврдена соработката на словенечки професори со поранешниот претседател Црвенковски
Професорот Пеџа Ашанин Голе од Љубљана заедно со професорот Дејан Верчич изведувале истражувачко – консултантски проект за Кабинетот на претседателот на Република Македонија во времето кога функцијата претседател ја вршеше Бранко Црвенковски.
Професорот Пеџа Ашанин Голе од Љубљана заедно со професорот Дејан Верчич изведувале истражувачко – консултантски проект за Кабинетот на претседателот на Република Македонија во времето кога функцијата претседател ја вршеше Бранко Црвенковски.
До редакцијата на Макфакс пристигна одговор од словенечките професори веднаш откако Макфакс објави дека на интернет страницата youtube е поставен клип на кој се гледа наводна предлог стратегија за односи со јавност датирана од ноември 2008 година, а за која се тврди дека Црвенковски платил половина милион евра.
Професорот Ашанин во одговорот до Макфакс вели дека проектот имал за цел „изработка и реализација на долгорочна комуникациска стратегија за Претседателот на Република Македонија за стратешките проекти на РМ поврзани со Европската унија и НАТО, како и краткорочни и долгорочни комуникациски програми и изработка на различни анализи, истражувања, извештаи и други документи.“
Вредноста за изработка на документите, чии делови се објавени на порталот youtube, не е точна, пишува во одговорот на Ашанин.
„Толку пари ниту беа засметани, ниту исплатени за комплетниот проект и за нашата целокупна тригодишна соработка со тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски“, пишува Ашанин.
Инаку, на интернет порталот Youtube, денеска се појави клип на словенечки јазик со наслов „А за тоа Бранко Црвенковски потрошил 500 илјади евра?!“.
Документот содржи анализа на тогашната политичка ситуација во која пишува дека „наведените околности диктираат начин на дејствување на претседателот на Република Македонија до крајот на неговиот мандат и затоа е потребно на сите идни активности на Претседателот на РМ да се гледаат како на дел од неговата кампања за претседателските избори во 2009 година.“
Во јавноста досега немало информации за злоупотреба на претседателскиот фонд, иако имаше шпекулации за несоодветно трошење при организација на настани организирани од Кабинетот./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

