Македонија
СДСМ: Информациите објавени на Ју-тјуб се конструкција на Груевски
СДСМ обвинува дека информациите објавени на ју-тјуб за трошењето пари на поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски се конструкција на премиерот Никола Груевски.
СДСМ обвинува дека информациите објавени на ју-тјуб за трошењето пари на поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски се конструкција на премиерот Никола Груевски.
Игор Ивановски член на Извршниот одбор на СДСм изјави дека целокупниот буџет на Кабинетот на претседателот на Република Македонија за 2008 година изнесувал 1 милион и 170 илјади евра, од кои околу 50 отсто биле потрошени за плати на вработените, а останатите за меѓународни, домашни и тековни активности на претседателот.
„За разлика од Кабинетот на Груевски, кој во 2008 година потроши најмалку 20 милиони евра народни пари за себерекламирање и купување на медиумската наклонетост, Кабинетот на тогашниот претседател на Република Македонија ангажираше реномирани експерти од Словенија за помалку од 50.000 евра“, рече Ивановски../крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

