Македонија
Колку чини ПР-от на Црвенковски?

Тројца словенечки професори учествувале во изработката на ПР стратегијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а сумата исплатена за нивните услуги е помала од 500.000 евра, дознава Макфакс.
Тројца словенечки професори учествувале во изработката на ПР стратегијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а сумата исплатена за нивните услуги е помала од 500.000 евра, дознава Макфакс.
Првичните информации, кои беа објавени на Ју-тјуб, беа дека екс претседателот платил половина милион евра на двајца словенечки професори, кои му ја изготвувале ПР стратегијата, но информациите до кои доаѓа Макфакс, говорат за исплатена сума од неколку стотици илјади евра, но помалку од половина милион.
Од Кабинетот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов, наведуваат дека се испитува дали овие документи би можеле да бидат изнесени во јавност согласно процедурите на Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Од друга страна, СДСМ обвини дека информациите објавени на ју-тјуб за трошењето пари на поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски се конструкција на премиерот Никола Груевски. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.