Македонија
12 починати и 622 новозаразени до Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-300, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1689 оздравени пациенти од: Скопје-815, Куманово-6, Дебар-9, Штип-17, Прилеп-36, Тетово-121, Струга-25, Велес-58, Битола-48, Охрид-34, Кавадарци-27, Гостивар-60, Гевгелија-36, Струмица-152, Крива Паланка-11, Радовиш-17, Крушево -44, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-6, Пехчево-3, Берово-8, Валандово-4, Виница-9, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-34, Ресен-20 и Неготино-33.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964. Од вчерашната статистика се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 36923, активни 10322
• Куманово 4836, активни 497
• Дебар 661, активни 123
• Штип 3346, активни 201
• Прилеп 4314, активни 420
• Тетово 4820, активни 706
• Струга 2069, активни 242
• Велес 2827, активни 402
• Битола 3096, активни 453
• Охрид 2514, активни 446
• Кавадарци 2222, активни 502
• Гостивар 3428, активни 456
• Гевгелија 1202, активни 235 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2360, активни 449
• Крива Паланка 649, активни 108
• Радовиш 633, активни 74
• Крушево 168, активни 30
• Кочани 1633, активни 181
• Пробиштип 457, активни 36
• Демир Хисар 239, активни 34
• Македонски Брод 223, активни 14
• Пехчево 159, активни 25
• Берово 531, активни 66
• Валандово 317, активни 44
• Виница 457, активни 58
• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1048, активни 71
• Кичево 1597, активни 182
• Ресен 664, активни 123
• Неготино 1063, активни 253 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2452 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-236, Биотек-194, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -171, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-52, Инфективна клиника-13, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -757, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

