Македонија
12 починати лица, регистрирани нови 568 заболени од Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 230, Куманово – 44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (44, 74, 75, 82 и 82), 2 од Кавадарци (69 и 87) и по едно починато лице од Тетово (16), Неготино (77), Куманово (79), Кочани (77) и Демир Хисар (90). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово (2), Кичево (1), Делчево (1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Направени се 3.594 теста преку: ИЈЗ – 321, ЦЈЗ Скопје – 77, ЦЈЗ Битола – 87, ЦЈЗ Прилеп – 41,
ЦЈЗ Тетово – 66, ЦЈЗ Куманово – 65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 152, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 78, „Авицена“ – 153, „Биотек“ – 163, „Систина“ – 65, лабораторија „Лаор“ – 121, „Синлаб“ – 22, „Ремедика“ – 19, „Плодност“ – 45, „Генеа“ – 4, „Никоб лаб“ – 265, „ВФВ медикал“ – 42, „Ели медика“ – 33, „Ројал медика“ – 16, „Спектра-ММ“ – 7, „Рапид лаб“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.749.
Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 89.272, Активни 3.467
Куманово 12.376, Активни 442
Тетово 11.058, Активни 164
Прилеп 9.575, Активни 327
Гостивар 8.011, Активни 27
Битола 7.543, Активни 311
Велес 6.869, Активни 337
Кавадарци 6.373, Активни 275
Штип 6.226, Активни 230
Охрид 6.187, Активни 196
Струмица 5.924, Активни 111
Кичево 4.127, Активни 91
Струга 3.844, Активни 44
Кочани 3.626, Активни 196
Гевгелија 2.578, Активни 92
Неготино 2.413, Активни 63
Свети Николе 2.031, Активни 80
Крива Паланка 1.685, Активни 155
Радовиш 1.609, Активни 52
Ресен 1.600, Активни 54
Дебар 1.453, Активни 3
Берово 1.267, Активни 47
Делчево 1.189, Активни 62
Виница 1.094, Активни 36
Пробиштип 1.038, Активни 65
Валандово 863, Активни 28
Кратово 662, Активни 38
Богданци 591, Активни 19
Крушево 553, Активни 17
Демир Хисар 500, Активни 44
Македонски Брод 479, Активни 4
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 365, Активни 41
Пехчево 324, Активни 5
Дојран 151, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре врнежи од дожд а на планините снег
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец.
Во Скопје, од утре од попладневните часови до недела ќе има повремени врнежи од дожд, со услови за појава на грмежи. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.
Македонија
Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улицата ,,Лазар Трповски” во Чаир
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир, посочуваат од Град Скопје.
„Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која во минатото беше позната како критична точка за сообраќајни незгоди, добива инфраструктура по европски стандарди која обезбедува јасна сигнализација, подобрена прегледност и функционални решенија што одговараат на реалните потреби на граѓаните.
Градот Скопје продолжува со инфраструктурните инвестиции и до крајот на годината ќе започне постапката за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 граѓани и кој поврзува неколку скопски општини. Овој проект ќе овозможи трајно решение за метежот и небезбедноста, ставајќи крај на долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница“.
Македонија
Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја составувал техничката спецификација за модуларната болница во Тетово, без да изготви елаборат за електрична енергија, а трагичниот пожар можел да биде спречен.
„Кадриу потврдува дека работата е забошотена. Таа била повикана вечерта на трагедијата да учествува во истрагата, а потоа дошол и Јовевски со свои обвинители, за кои таа вели дека имале обврска да ја држат истрагата под контрола“, рече Манасиевски.
Тој додаде дека, според Кадриу, модуларните болници биле изградени од панели со пурпена кои чинеле 5–6 евра по метар, додека пожароотпорните панели со камена волна чинеле околу 17 евра.
„Сите модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, а за нив биле обезбедени 30 милиони евра од Светската банка. Каде се тие пари – нема одговор. Можеби се наоѓаат во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или фирма во Бугарија“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека трагедијата со 14 загинати во Тетово можела да биде избегната.
„За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства. Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени“, рече Манасиевски.
Во изјавата, Манасиевски тврди дека вистинските виновници не се зад решетки, а дека „оние кои нуделе други решенија сега се осудени само на три години“.
„Вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција“, заврши тој, најавувајќи нови информации утре, вклучително и околу тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана.

