Македонија
13 починати и 432 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45 г, 78 г, 88 г и 90 г), по 2 починати лица од Куманово (42 г и 70 г), Битола (51 г и 68 г) и Прилеп (66 г и 70 г) и по едно починато лице од Делчево (74 г), Велес (79 г) и Кочани (55 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Во изминатото деноноќие пријавени сe 448 оздравени пациенти од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.
Направените 2.663 тестови се преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-52, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-109, Биотек-175, Систина-49, лабораторија Лаор-66, Синлаб-16, Ремедика-16, Плодност–57, Генеа-3, Никоб лаб-184, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-14, Ројал Медика –9, Спектра-ММ-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.217.
Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 90894, активни 3773
Куманово 12587, активни 388
Тетово 11193, активни 222
Прилеп 9786, активни 397
Гостивар 8035, активни 42
Битола 7954, активни 606
Велес 7033, активни 360
Кавадарци 6575, активни 349
Штип 6376, активни 257
Охрид 6250, активни 213
Струмица 5960, активни 108
Кичево 4177, активни 113
Струга 3865, активни 50
Кочани 3767, активни 233
Гевгелија 2658, активни 138
Неготино 2476, активни 96
Свети Николе 2059, активни 86
Крива Паланка 1772, активни 167
Радовиш 1666, активни 84
Ресен 1639, активни 79
Дебар 1453, активни 3
Берово 1310, активни 63
Делчево 1257, активни 108
Виница 1119, активни 44
Пробиштип 1081, активни 68
Валандово 871, активни 20
Кратово 704, активни 62
Богданци 608, активни 28
Крушево 571, активни 31
Демир Хисар 544, активни 72
Македонски Брод 482, активни 6
Демир Капија 414, активни 5
Македонска Каменица 383, активни 53
Пехчево 326, активни 3
Дојран 153, активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Финалната оценка на Славески е дека екомомијата е стабилна, со солиден раст
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески.
Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика.

Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.
Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците.

Финалната оценка на гувернерот беше дека екомомијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата.

Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 – 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.
Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштуваат од АМСМ.
Македонија
Средба на министерот Муцунски и министрите од Балканската платформа за мир со претседателот на Турција, Ердоган
Во рамки на Вториот состанок на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министрите за надворешни работи на земјите учеснички, денеска во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи на Република Турција со земјите од регионот, како и за пошироките регионални прашања од заемен интерес.
Во време кога светот и регионот се соочуваат со сериозни предизвици, соговорниците ја истакнаа важноста од зајакнување на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу членките на Балканската платформа за мир.
Заеднички беше оценето дека Балканот треба да продолжи напред со пристап кој ги зема предвид поуките од минатото, но е јасно насочен кон стабилност, соработка и заедничка иднина.

