Македонија
14 починати и 1.285 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27 и еден во Крушево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 176 оздравени пациенти од Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3 и по еден од Гевгелија, Струмица и Демир Хисар.
Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52), еден од Битола (75), двајца од Кичево (66 и 71 години), еден од Крива Паланка (47), еден од Штип (62), еден од Свети Николе (76), еден од Радовиш (66), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82), еден од Гостивар (78) и еден пациент од Кавадраци (21). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 16.924, активни 6732
• Куманово 2.615, активни 641
• Дебар 376, активни 74
• Штип 1.913, активни 424
• Прилеп 1.765, активни 798
• Тетово 2.670, активни 890
• Струга 929, активни 186
• Велес 1.120, активни 672
• Битола 996, активни 495
• Охрид 924, активни 397
• Кавадарци 708, активни 367
• Гостивар 1.437, активни 393
• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.182, активни 649
• Крива Паланка 279, активни 125
• Радовиш 296, активни 115
• Крушево 46, активни 23
• Кочани 848, активни 266
• Пробиштип 248, активни 94
• Демир Хисар 104, активни 34
• Македонски Брод 115, активни 15
• Пехчево 60, активни 4
• Берово 236, активни 60
• Валандово 117, активни 36
• Виница 224, активни 107
• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 90, активни 59
• Свети Николе 543, активни 125
• Кичево 724, активни 286
• Ресен 284, активни 90
• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.404 теста се преку: ИЈЗ-1.181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32 и Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 162. На кислородна поддршка се 137 пациенти, но нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Денеска статистиката на активни случаи по скопските општини е следна:
• Чаир – 400
• Гази Баба – 913
• Аеродром -1079
• Карпош – 923
• Центар – 893
• Кисела Вода – 803
• Ѓорче Петров – 555
• Бутел – 366
• Шуто Оризари – 93
• Студеничани – 33
• Сарај – 63
• Арачиново -14
• Илинден – 160
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 47
• Петровец –62
• Зелениково -37
• Странец – 88
• Нераспределен- 145
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со приказната за авионот Мицко ја расплака пола Македонија, велат од СДСМ
Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“, велат од СДСМ по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.
„Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни. Често народот вели дека и парите може да бидат лековити. Хумано не е исто што и хуманитарно. Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Тука „бизнис“ главно прави тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже, додаваат од опозициската партија, и кај кого беше на Јадранско море, за на граѓаните да им биде сè јасно.
„Овие жалопојки на Мицкоски тешко се слушаат. Морало кај Орбан, читај Груевски, морало кај сестринската партија по copy-paste инструкции за кампања.
Дури толку ги применува инструкциите што почна да вметнува латински изрази како Вучиќ во своите изјави. Човек не знае дали го слуша Вучиќ или Мицкоски.
Шкодата не му одговара, да, знаеме – подобар е мерцедес. Сигурни сме дека Груевски може и модел да му каже кој е најдобар.
Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен.
Почнува да звучи како неговата сестринска партија со која негуваат односи – таму секоја недела најавуваат дека нешто ќе му се случи на Вучиќ.
Вистинска филмска сцена, солзите се тука. Само нема одговор за 5-те тони дрога преку граница и зошто не се укине луксузот на власта па работниците да добијат плати какви што заслужуваат“.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска ја повика Јаневска да го повлече предлог-законот за високо образование
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница упати прашање до министерката за образование, Весна Јаневска, кое се однесуваше на предлог законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар.
Таа се осврна на реакциите од академската заедница кои предупредуваат дека законот премногу ја централизира контролата, се фокусира на процедура и административни прашања, а не ги решава суштинските проблеми како финансии, одлив на млади кадри и слабата поврзаност со пазарот на труд.
„Квалитетот во високото образование мора да биде највисок приоритет не само на надлежниот министер и на владата туку и на сите вклучени во тој степен на образование. И затоа секое законско решение кое го регулира високото образование мора редовно да се осовременува, но тој процес мора да ги вклучува сите чинители и да се сослушаат сите страни.
Откако беше објавен на ЕНЕР предлог законот за високо образование, не стивнуваат реакциите.
Министерке, дали сметате дека овој предлог навистина ги опфаќа сите профили кои студираат на нашите високо образовни институции?
Дали суштински се решаваат проблемите со тоа што се скратуваат можностите на младите да останат да работата на некоја високообразовна институција?
Дали сметате дека предлог законот Не дискриминира? Дали сте подготвени да ги сослушате сите страни? Дали сметате дека закон за високо образование треба да се донесе со сила, со инает, а повторно да останат можностите за “диплома на секое ќоше”? дали сметате дека со вака поставени нешта во високото образование, нема да се продлабочи проблемот со неквалитетните дипломи- додипломски, магистерски, докторски- кои одамна се навлезени во општеството и тие се тие против кои всушност се бориме?
На крај, дали ќе го повлечете законот и ќе пристапите кон изработка на нов предлог закон“, праша Костадиновска-Стојчевска.
Македонија
Нова соработка во FMCG секторот: Нелт Група започнува со дистрибуција на производите на Бамби во Северна Македонија
Бамби, една од најпознатите кондиторски компании во регионот, е нов принципал во портфолиото на компанијата Нелт СТ, членка на Нелт Група. Со оваа соработка, Нелт СТ ја започнува дистрибуцијата на производите на Бамби на пазарот во Северна Македонија.
Партнерството на компанијата Бамби со силен регионален бренд и на компанијата Нелт СТ, која располага со исклучителна локална експертиза во областа на дистрибуцијата и развојот на пазарот, претставува цврста основа за долгорочен раст, унапредување на достапноста на производите и создавање дополнителна вредност за трговските партнери и крајните потрошувачи.

„Со преземањето на дистрибуцијата на брендот Бамби продолжуваме со проширување на портфолиото на стратешки принципали, потпирајќи се на силен дистрибутивен систем и долгорочни партнерства. Силата на Нелт Група произлегува од принципиелната соработка со лидери во различни категории и од високите стандарди што ги одржуваме во секој дел од операциите. Убеден сум дека и соработката со компанијата Бамби ќе биде успешна и долгорочна, бидејќи ги споделуваме истите вредности – квалитетна услуга, професионален пристап и јасен фокус на потрошувачите“, изјави Драган Димоски, менаџер на дивизија Нелт СТ.

Компанијата Бамби е дел од групацијата Coca-Cola HBC Србија, а ја одликува силна пазарна препознатливост, широка база на потрошувачи и значителен потенцијал за понатамошен раст на пазарот во Северна Македонија.

Нелт Група и Бамби веќе со години успешно соработуваат на пазарите во Србија и Босна и Херцеговина, а новата соработка во Северна Македонија дополнително ја продлабочува регионалната соработка. Фокусот на заедничките активности ќе биде насочен кон зајакнување на позицијата на брендот Бамби, развој на портфолиото и проширување на достапноста на производите преку силната дистрибутивна мрежа на Нелт СТ.
ПР

