Македонија
147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови случаи во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.
Починати се шестмина пациенти, тројца од Скопје, еден од Куманово, еден од Штип и еден од Берово.
На Клиниката за инфективни болести починал пациент од Скопје (63). Во болницата „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63) и еден пациент од Штип (36). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69), а во Куманово почина пациент на 78-годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611. Од вчерашните тестирања два се контролни, а во моментов статистиката на заразени по градови е следна:
• Скопје 3.343, активни 1.987
• Куманово 793, активни 240
• Дебар 103, активни 51
• Штип 371, активни 158
• Прилеп 277, активни 51
• Тетово 758, активни 385
• Струга 252, активни 154
• Велес 194, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 195, активни 166
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 151, активни 91
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 25, активни 16
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 41, активни 36
• Кичево 44, активни 38
• Ресен 120, активни 93
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега се направени вкупно 66.133 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Според тековните податоци, бројот на активни случаи по скопските општини е следен:
• Чаир – 409
• Аеродром – 150
• Бутел – 162
• Гази Баба – 189
• Центар – 143
• Карпош – 163
• Сарај – 149
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 114
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 65
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

