Македонија
149 лица заразени од коронавирус се лекуваат на инфективните одделенија во земјата
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според извештаите на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 24 пациенти, во Прилеп – 9, во ковид-центарот во Гостивар – 1, а во Струга – 10 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани – 3, во Кичево – 7, во Кавадарци – 3, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците во земјата е 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство, велат од таму, има увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

