Македонија
15 починати и 320 новозаразени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 214 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 од Скопје (56, 64 и 80), две од Кавадарци (29 и 59) и по едно починато лице од Велес (77), Охрид (72) и од Ресен (72). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица починати во периодот од 14 до 19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и од Тетово (1), на возраст од 42 до 85 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 во домашни услови.
Направени се 3.366 теста преку: ИЈЗ – 321, ЦЈЗ Скопје – 59, ЦЈЗ Битола – 63, ЦЈЗ Прилеп – 49, ЦЈЗ Тетово – 10, ЦЈЗ Куманово – 79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 139, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 85, „Авицена“ – 163, „Биотек“ – 167, „Систина“ – 89, лабораторија „Лаор“ – 138, „Синлаб“ – 22, „Ремедика“ – 22, „Плодност“ – 38, „Генеа“ – 9, „Никоб лаб“ – 303, „ВФВ медикал“ – 48, „Ели медика“ – 62, „Ројал медика“ – 59, „Спектра-ММ“ – 13, „Рапид лаб“ – 10, „Жан Митрев Струмица“ – 10, „Нова лаб дијагностика“ – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.400.
Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 97.448, Активни 2.571
Куманово 13.075, Активни 127
Тетово 11.404, Активни 78
Прилеп 10.659, Активни 377
Битола 9.093, Активни 384
Гостивар 8.077, Активни 20
Велес 7.462, Активни 168
Кавадарци 7.328, Активни 244
Штип 6.712, Активни 104
Охрид 6.705, Активни 225
Струмица 6.235, Активни 124
Кичево 4.300, Активни 80
Кочани 4.084, Активни 56
Струга 3.918, Активни 21
Гевгелија 2.892, Активни 98
Неготино 2.621, Активни 47
Свети Николе 2.150, Активни 46
Крива Паланка 1.944, Активни 58
Ресен 1.830, Активни 75
Радовиш 1.800, Активни 55
Берово 1.476, Активни 16
Делчево 1.460, Активни 56
Дебар 1.457, Активен 1
Виница 1.175, Активни 19
Пробиштип 1.138, Активни 16
Валандово 1.015, Активни 70
Кратово 790, Активни 12
Богданци 673, Активни 31
Демир Хисар 635, Активни 32
Крушево 603, Активни 22
Македонски Брод 520, Активни 15
Македонска Каменица 429, Активни 22
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 357, Активен 1
Дојран 173, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.
Македонија
Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска на работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, изрази искрена благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.
Хоџа истакна дека, во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, оваа поддршка е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем, во корист на граѓаните на Западен Балкан и Европа.
Тој истакна дека ги поздравува напорите на Германија за поддржување на енергетската транзиција во регионот, преку тесна соработка со Европската комисија и европските финансиски институции, со цел зајакнување на инвестициите во чиста и одржлива енергија.
Македонија
Љутков: Руралниот туризам приоритет на Министерството за култура и туризам
Во пресрет на Саемот за рурален туризам, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Центарот „Јавна соба“ во Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на денешната прес-конференција што се одржа по тој повод.
Во своето обраќање, министерот истакна дека руралниот туризам ќе биде еден од стратегиските приоритети на Министерството, при што вакви настани ќе бидат сè почести во текот на 2026 година, а уште поинтензивни во 2027 и 2028 година.
„Преку проектот Е-75, активно работиме на развој на транзитниот туризам. Нашата цел е просечниот престој на туристите долж оваа траса, кој во 2026 година изнесува околу 24 часа, до 2028 година да достигне најмалку 72 часа“, изјави Љутков.
За 2026 година, Министерството за култура и туризам предвидува 36 милиони денари за програмски активности, како и дополнителни 150 милиони денари за субвенции во туризмот. Како што нагласи министерот, овие средства ќе се зголемуваат секоја година, имајќи предвид дека секој вложен денар во туризмот носи четирикратен економски поврат.
Љутков посочи дека руралните домаќинства и малите производители претставуваат клучен двигател на локалниот економски развој и дека токму во нив ќе се инвестира континуирано и стратешки, особено по спојувањето на ресорите култура и туризам.
На Саемот, претстојниов викенд, ќе учествуваат околу 50 излагачи од целата земја, а се реализира во организација на Министерството за култура и туризам, во партнерство со Амбасадата на Словенија, Швајцарската амбасада преку програмата ИМЕ, Земјоделскиот институт и Центарот „Јавна соба“.
Министерот Љутков упати благодарност до сите партнери и информираше дека на Саемот ќе присуствуваат и туристички агенции за дојдовен туризам, со цел остварување директни средби и можност за склучување договори со руралните домаќинства. За посетителите ќе бидат обезбедени и ваучери за попуст за да се поттикне поголема посетеност од домашната публика.
„Ги поканувам граѓаните да дојдат, да ги запознаат автентичните вредности на Македонија, да вкусат локални деликатеси и да ги доживеат руралните убавини на Македонија“, порача министерот Љутков на крајот од денешната прес-конференција.

